Wellosophy
Почетна

Храна за кожата: Што да јадете за да имате прекрасна кожа

Објавени: 19.2.2024 | Автор: Andrea Simons

Љубители на козметичките препарати за нега на кожа, ова е за вас! Без разлика колку ви се допаѓаат вашите препарати за нега на кожата, доколку вашето тело не е нахрането со здрава храна, нема да ги постигнете посакуваните резултати! Нахранете ја вашата кожа со потребните витамини, минерали и останатите потребни хранливи додатоци и доведете ја вашата кожа до совршенство!

Правилната исхрана е клучна за да добиете здрава, убава и сјајна кожа. Доколку вашата исхрана се базира на кафе и брза храна, вашето тело не може да ги добие хранливите вредности кои му се потребни. Можеби очите се огледало кон душата, но кожата со сигурност е огледалото на квалитетот на целокупното здравје! Сувата, бледа кожа со дамки или црвенило и хиперпигментација е знак дека има недостаток на важни витамини и намирници со хранливи вредности во телото.

Кои витамини и минерали ни се потребни за здрава кожа?

Б витамини – помагаат за подобрување на сувата кожа, кожата со дамки или пак кожата која е склона кон црвенило и чешањеВитамин Ц – помага при создавањето на колагенЦинк – помага при лекувањето и обновувањето на кожатаМагнезиум – помага при воспалувањаБакар – помага при создавањето на еластин и ја намалува пигментацијата. Еластинот е протеин кој ја дава структурата на кожатаПротеини - помагаат при создавањето на колаген и еластинАнтиоксиданти – помагаат при заштитувањето на кожата од оксидативен стрес и го спречуваат стареењето на кожатаОмега 3 - помага при екстремно сува кожа и дејствува противвоспалително

дознај повеќе

Која храна е здрава за вашата кожа?

Одлична исхрана преполна со хранливи материи за здрава кожа е Нордиската исхрана, која е слична на Медитеранска диета, но во Нордиски стил! Се заснова на зеленчук, овошје, бобинки, цели зрна, мешунки, компири, јаткасти плодови, семиња, протеини како масна риба, морска храна, јајца и посно месо, млечни производи со малку маснотии и масло од репка. Тој нуди изобилство од витамини, минерали, антиоксиданти и омега 3 масни киселини, совршени за оптимална нега на вашата кожа.
ПРОФЕСИОНАЛНИ СОВЕТИ: • Покрај здравата исхрана, надополнете ја вашата диета и со секојдневно внесување на милтивитамини, кои содржат витамини и минерали неопходни за здрава кожа. • Запомнете, додатоците никогаш не треба да се земаат наместо здрава исхрана, туку да се користат за да се покријат празнините во исхраната за да ги добиете сите хранливи материи што му се потребни на вашето тело.

Дознај повеќе
Антиоксиданси против стареење

Антиоксиданси против стареење

Антиоксидантите се моќни хранливи материи кои помагаат да се заштитат клетките на нашата кожа од слободните радикали, кои можат да доведат до предвремено стареење на кожата. Нордиската исхрана е богата со антиоксиданти кои се најзастапени во разнобојното овошје, зеленчук и бобинки. Наполнете ја вашата чинија со боите на виножитото - направете ја што е можно поразновидна!
ПРОФЕСИОНАЛНИ СОВЕТИ: • Додаток со моќни антиоксиданси како витамините Ц и Е, и природен астаксантин – кој во научните студии се покажа дека има супериорен ефект против штетните УВ зраци, а со тоа помага да се спречи стареењето на кожата.

Здравата кожа започнува со здрав стомак

Проблемите со кожата, вклучувајќи акни, розацеа, псоријаза и атопичен дерматитис се поврзани со лошото здравје на цревата. Влакната се тивкиот спасител на нашето здравје на цревата! Пребиотичните влакна ги хранат добрите бактерии во нашиот цревен микробиом, кој е поврзан и со здравјето на кожата многу други аспекти на благосостојбата. Одржувањето на балансот на вашиот цревен микробиом можете да го помогнете со директно додавање на добри бактерии во цревата преку вашата исхранa или додаток.
ПРОФЕСИОНАЛНИ СОВЕТИ: • Диететските влакна се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, јаткастите плодови, семките и мешунките, како и нашите Wellosophy Заменски оброци! Формулата за овие оброци е направена со природни состојки, растителни протеини, диетални влакна, здрави масти и 23 есенцијални витамини и минерали! • Добрите диететски извори на пробиотици вклучуваат јогурт со живи култури и ферментирана храна како кимчи, кисела зелка и комбуха.

Вода за хидрирана кожа која изгледа здраво

Хидратацијата е неверојатно важна за нашето целокупно здравје вклучувајќи ја и нашата кожа. Клетките на кожата се зависни од соодветната хидратација за да функционираат правилно, затоа погрижете се да пиете многу вода. Кожата на која и недостасува хидратација изгледа безживотна и сува, со повидливи линии и брчките, додека добро хидрираната кожа е полна, мазна и блескава!
ПРОФЕСИОНАЛНИ СОВЕТИ: • 8 чаши вода дневно ја спречуваат појавата на сува кожа • Набавете си лесно шише со вода за хидратација во движење
Купи ги производите
Wellosophy Мултивитамини и минерали за жени
(355)
Wellosophy

Wellosophy Мултивитамини и минерали за жени

1.250 Ден.

Wellosophy Мултивитамини и минерали за мажи
(162)
Wellosophy

Wellosophy Мултивитамини и минерали за мажи

1.250 Ден.

Место за инспирација

4 начини за подобро здравје на коските
Wellosophy
4 начини за подобро здравје на коските

Дали знаевте дека откако ќе достигнете 30, вашите коски полека ја губат густината и ризикот од развој на кревки коски подоцна во животот се зголемува? Помогнете си да се справите со тој ризик со преземање 4 едноставни чекори за градење и одржување на силни, здрави коски!

Прочитај

Останати категории

BEAUTY ИНФО ЦЕНТАР
BEAUTY ИНФО ЦЕНТАР