Аста што? Зошто астаксантинот е неопходен за здрава кожа?

Често се вели дека убавината доаѓа однатре, а астаксантинот е една од посебните состојки што може да придонесат за твојата убавина. Освен што е познат по тоа што спречува сѐ од изгореници до брчки, овој моќен антиоксидант поседува широка палета придобивки за кожата. Дознај ги најважните во оваа статија!

Прво, што е астаксантин?
Прекрасната црвеникава боја што те потсетува на фламинго, лосос, ракчиња и на други прекрасни животинчиња од животинското кралство, постои благодарение на астаксантинот! Таа е природен каротинод (пигмент што може да се најде во природата и што им ја дава светлата портокалова, жолта или црвеникава боја на овошјето и на зеленчукот), кој може да се најде во изобилство во слатководната микроалга H. Pluvialis, и е основен дел од исхраната на горенаведените животни. Всушност, астаксантинот може да се најде во мускулите на лососот, а постојат многу теории што тврдат дека астаксантинот им ја овозможува потребната истрајност да пливаат во спротивна насока од текот на водата. Уште една причина зошто треба да се храниш со оваа вкусна риба!

Следуваат само неколку (од многуте) причини зошто треба да го зголемиш внесот на астаксантин:

1. Помага за заштита од брчки
Кога се консумира орално, природниот астаксантин помага за придонесување на здравата кожа однатре! Навлегува во најдлабоките слоеви на кожата, за да овозможи заштита од слободните радикали, кои го намалуваат колагенот и придонесуваат за појавата на брчки, додека истовремено ја поддржува заштитата на хидратацијата и на еластичноста. 1

2. Те одржува во форма
Нема ништо подобро од завршување со екстра-тешко вежбање. Иако предностите на редовното вежбање се добро познати, напорното вежбање (особено кога не си навикнат на вежбање) може особено да го зголеми производството на слободните радикали и да предизвика оксидативен стрес. Резултатот е воспаление и болка, кои може да предизвикаат помалку да вежбаш. Поради тоа е важен астаксантинот. Тој помага за поттикнување на закрепнувањето на мускулите, ја подобрува издржливоста и штити од слободните радикали во мускулите, за да се чувствуваш силно како лосос што плива во спротивна насока од текот на реката!2

3. Ти помага да останеш заштитен од сонцето
Секогаш треба да користиш заштитен фактор кога се сончаш но, сепак добро е да се знае дека астаксантинот помага за заштита на кожата од штетните УВ-зраци. УВБ-зраците навлегуваат до надворешниот слој на кожата (епидермисот) што резултира со изгореници од сонце, додека УВА-зраците навлегуваат подлабоко во дермисот и предизвикуваат оксидативен стрес и прерано стареење. Астаксантинот може да навлезе до сите слоеви на кожата и има ефект на „внатрешен заштитен фактор“, а заштитата од УВА-зраците го намалува оксидативниот стрес. Исто така, постојат истражувања според кои астаксантинот ги намалува воспаленијата (прочитај: рак-црвени изгореници од сонце) од изложување на УВБ-зраците.3

4. Најмоќниот антиоксидант на природата
Доколку ти треба уште една причина зошто да користиш астаксантин, овој моќен антиоксидант е докажано 4-6 пати посилен од бета-каротинот, 110 пати посилен од витаминот Е, што го поддржува здравјето, и неверојатно 6.000 пати посилен од витаминот Ц во борбата против слободните радикали. Звучи речиси премногу добро за да биде вистина! 

Како да внесувам доволно астаксантин?
Внесувањето повеќе астаксантин е лесно и вкусно. Див лосос и масло од лосос (дивиот лосос се храни со микроалга што содржи астаксантин), црвена пастрмка, алги, јастог, ракчиња, слатководен рак, речен рак е храна што е богата со астаксантин. Астаксантинот може редовно да се внесува и како додаток во исхраната. Астаксантинот и екстрактот од боровинка на Орифлеим е изработен со микроалги што може да се најдат во Шведскиот архипелаг и е одличен начин да внесеш суперантиокисданти со твојата дневна исхрана!

 

Прочитај повеќе за нашите моќни антиоксидантни додатоци во исхраната тука:

 

 

Литература:

1Намалување на брчки и подобрување на задржувањето на хидратацијата и на еластичноста: Томинага К. и други., (2012). Козметички придобивки од астаксантинот за човечките суштества. Акта биохем пол. 2012;59(1):43-7. A0347

2 Издржливост: Ернест К.П., Лупо М., Вајт К.М., Черч Т.С. Ефектот на астаксантинот врз издржливоста при поединечен хронометар. Интернационален весник за спортска медицина (2011) 32(11):882–8. doi:10.105 5/s-0031-1280779

Закрепнување на мускулите: Ѓорѓевиќ Б., Баралиќ И., Котур-Стевуљевиќ Ј., Стефановиќ А., Иванисевиќ Ј., Радивојевиќ Н. и други. Ефектот на додатоците во исхраната со астаксантин на оштетувањата на мускулите и на оксидативниот стрес, кај елитните млади фудбалери. Весник за спортска медицина и физички фитнес (2012) 52(4):382–92.

3 Фотозаштита: Ито, Н. Секи, С. Уеда, Ф. Заштитната улога на астаксантинот за повредената кожа од УВ-зраци кај здрави лица – случајно, двојно слеп тест, контролиран плацебо-тест. Хранливи состојки 2018, 10, 817.

4Мерки за антиоксиданти: Нишида и други. (2007), Каротиноидна наука. Vol. 11: 16-20

Текст: