Каква храна треба да конзумирате за прекрасна кожа?

Љубители на козметичките препарати за нега на кожа, ова е за вас! Без разлика колку ви се допаѓаат вашите препарати за нега на кожата, доколку вашето тело не е нахрането со здрава храна, нема да ги постигнете посакуваните резултати! Нахранете ја вашата кожа со потребните витамини, минерали и останатите потребни хранливи додатоци и доведете ја вашата кожа до совршенство!

Правилната исхрана е клучна за да добиете здрава, убава и сјајна кожа. Доколку вашата исхрана се базира на кафе и брза храна, вашето тело не може да ги добие хранливите вредности кои му се потребни. Можеби очите се огледало кон душата, но кожата со сигурност е огледалото на квалитетот на целокупното здравје! Сувата, бледа кожа со дамки или црвенило и хиперпигментација е знак дека има недостаток на важни витамини и намирници со хранливи вредности во телото.

 

Кои витамини и минерали ни се потребни за здрава кожа?

Б витамини – помагаат за подобрување на сувата кожа, кожата со дамки или пак кожата која е склона кон црвенило и чешање
Витамин Ц – помага при создавањето на колаген
Цинк – помага при лекувањето и обновувањето на кожата
Магнезиум – помага при воспалувања
Бакар
помага при создавањето на еластин и ја намалува пигментацијата. Еластинот е протеин кој ја дава структурата на кожата
Протеини -  помагаат при создавањето на колаген и еластин
Антиоксиданси – помагаат при заштитувањето на кожата од оксидативен стрес и го спречуваат стареењето на кожата
Омега 3 -  помага при екстремно сува кожа и дејствува противвоспалително

Која храна е здрава за вашата кожа?

Одлична диета преполна со хранливи материи за здрава кожа е Нордиската диета, која е слична на Медитеранска диета, но во Нордиски стил! Се заснова на зеленчук, овошје, бобинки, цели зрна, мешунки, компири, јаткасти плодови, семиња, протеини како масна риба, морска храна, јајца и посно месо, млечни производи со малку маснотии и масло од репка. Тој нуди изобилство од витамини, минерали, антиоксиданси и омега 3 масни киселини, совршени за оптимална нега на вашата кожа.

Препорака:

Покрај здравата исхрана, надополнете ја вашата диета и со секојдневно внесување на милтивитамини, кои содржат витамини и минерали неопходни за здрава кожа.

Ако не сте сигурни дали ви се е потребно внесување на мултивитамини, прочитајте го ова! Запомнете, додатоците во исхраната како мултивитамините никогаш не треба да се земаат како замена за здрава исхрана, туку да се користат како надополнување на исхраната со цел да ги покриете недостатоците во вашата исхрана за да ги добиете сите хранливи материи што му се потребни на вашето тело.

Антиоксиданси против стареење

Антиоксидансите се моќни хранливи материи кои помагаат да се заштитат клетките на нашата кожа од слободните радикали, кои можат да доведат до предвремено стареење на кожата. Нордиската диета е богата со антиоксиданси кои се најзастапени во разнобојното овошје, зеленчук и бобинки. Наполнете ја вашата чинија со боите на виножитото - направете ја што е можно поразновидна!

Препорака:

Кликнете тука за да го погледнете нашиот рецепт за вкусно задоволство богато со антиоксиданси. (Содржи и чоколадо!)

Додаток со моќни антиоксиданси како витамините Ц и Е, и природен астаксантин – кој во научните студии се покажа дека има супериорен ефект против штетните УВ зраци, а со тоа помага да се спречи стареењето на кожата.

 

Здравата исхрана започнува со здравиот стомак

Проблемите со кожата, вклучувајќи акни, розацеа, псоријаза и атопичен дерматитис се поврзани со лошото здравје на цревата. Влакната се тивкиот спасител на нашето здравје на цревата! Пребиотичните  влакна ги хранат добрите бактерии во нашиот цревен микробиом, кој е поврзан и со здравјето на кожата многу други аспекти на благосостојбата. Одржувањето на балансот на вашиот цревен микробиом  можете да го помогнете со директно додавање на добри бактерии во цревата преку вашата исхранa или додаток.

Препорака:

Диететските влакна  можете да ги пронајдете во овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, јаткастите плодови, семките и мешунките.

Кликнете овде за пет креативни начини да додадете повеќе зеленчук во вашата исхрана!

Вода за хидрирана кожа која изгледа здраво

Хидратацијата е неверојатно важна за нашето целокупно здравје вклучувајќи ја и нашата кожа. Клетките на кожата се зависни од соодветната хидратација за да функционираат правилно, затоа погрижете се да пиете многу вода. Кожата на која и недостасува хидратација изгледа безживотна и сува, со повидливи линии и брчките, додека добро хидрираната кожа е полна, мазна и блескава!

Препорака:

Хидрирајте ја кожата со вода! 8 чаши вода дневно ја спречуваат појавата на сува кожа

Набавете си лесно шише со вода за хидратација во движење

 

Ако сакате да дознаете повеќе за науката за исхраната и кожата, можете да дознаете повеќе од нашиот нутриционист овде

Текст: Фотографии: Oriflame