3 причини зошто се важни пријателствата

Пријателствата се голем дел од нашите животи. Понекогаш не е лесно да се создадат таквите врски, но не е тајна дека пријателските врски се клучни за нашата добросостојба. Прочитај зошто.

1. МЕНТАЛНА И ФИЗИЧКА СИЛА
Ед
на од најпотценетите придобивки на пријателството е што тоа игра важна улога за нашето тело и ум. Истражувањата покажуваат дека пријателствата се исто толку важни колку физичката активност и јадењето. Цврстите врски во нашиот живот му овозможуваат поздрава функција на мозокот, но и да правиме подобар избор во животниот стил. Пријателствата ни помагаат да се справуваме со стресот и полесно да ги пребродиме болестите. Дружењето со позитивни луѓе исто така може да предизвика да бидеме посреќни. Затоа, вложи време и труд во позитивни пријателства и ослободи се од негативните.

2. КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ
Верувале или не, пријателствата имаат моќ да го подобрат квалитетот на нашиот живот и да
му додадат неколку години. Дружбата со пријателите ни го исполнува животот со одличен разговор, поддршка и смеа. Пријателите се тука кога се соочуваме со тешкотии и кога размислуваме за некои работи. Тие се тука кога сме успешни и кога славиме. Позитивните луѓе во нашиот живот овозможуваат да правиме добри работи за себе. Добрите пријатели го продолжуваат нашиот животен век, а некои научни истражувања дури покажуваат и дека можат да ги намалат крвниот притисок и нивоата на холестеролот. Едноставно, ние цветаме кога имаме добри пријатели.

3. ПОМОШ И ПОДДРШКА
Иако тешките времиња може да не траат долго, да се биде во состојба на голема животна промена може да биде стресно. За среќа, пријателите се експерти за помош за време на ваквите процеси. Пријателите можат да ја излечат осаменоста, но исто така играат голема улога во поддршка кога најмногу ни треба. Да се има добри пријатели значи да се има поврзаност што ќе трае вечно, каде што учиме едни од други постојано. Од пријателите учиме како да ја прифаќаме добрината и дека е важно да побараме помош кога ни е потребно. Пријателите се клучот кога сме во тешки животни ситуации.

Текст: Фотографии: Гети Имиџис