Сандра Дијаз, Мексико
Следете ја: @HablaBelleza и на Youtube тука
Носи: The ONE Lip Sensation Vinyl Gel Sunset Burst
“Веќе сум апсолутен фан на овој нов производ! Новото е секогаш добро, па затоа сакав да креирам смел, впечатлив стил што ќе се спротивстави на се! Дали карминот содржи "самодоверба и сигурност" во својот состав? Јас мислам да, го обожавам!”
СОВЕТ ОД САНДРА!
Мојот совет е следниов: не користете други сјајни или светкави производи на лицето кога носите Vinyl Gel. Наместо тоа, остатокот од лицето нека ви биде мат. Но, за крај, бидете смели и свои - вашиот свет треба да биде блескав!
Oнинје Окоје, Нигерија
Следете ја: @onyinye_okoye
Носи: The ONE Lip Sensation Vinyl Gel Magnetic Magenta и Grape Splash
“Мојот изглед е инспириран од природата и едноставноста. Носам Magnetic Magenta и го обожавам неверојатниот сјаен финиш што му го додава на мојот изглед, бојата е жива и моментално го осветлува моето лице. Исто така ми дава суптилен сјај за доловување на едноставниот, секојдневен изглед. Мојата потрага по совршениот кармин заврши - ти благодарам Орифлеим!”
СОВЕТ ОД ОНИНЈЕ!
1. Никогаш не плашете се да пробате нови бои - совршената нијанса ве чека, а светлите бои се модерни
2. По нанесувањето сјај за усни избегнувајте да ги залепите усните една за друга за да го задржите сјајот
3. Користете малку пудра или коректор во нијанса што и одговара на природната боја на усните. Ова ќе ги изедначи усните и ќе обезбеди рамномерна основа на која можете да нанесувате производи!
Емили Јохансен, Норвешка
Следете ја: @emiliena и на www.emiliejo.blogg.no
Носи: The ONE Lip Sensation Vinyl Gel Malibu Blush and Tangerine Tango
"Кога носам светли бои на усните, преферирам другата шминка да ми биде природна. Тука, го комбинирав мојот Vinyl Gel со маската, лесен ББ-крем и малку бронзер. За да го комплетирам направам изгледот поромантичен, носам венче од цветови."
СОВЕТ НА ЕМИЛИ!
По нанесување, поминете ги усните со нежно тапкање со прстите за финишот да биде поприроден.
Вероника Никоко, Русија
Следете ја: @nikkoko8 и на Youtube тука
Носи: The ONE Lip Sensation Vinyl Gel Malibu Blush
“Сакам светли бои на лето, посебно оваа богата, розева нијанса за усни од The ONE Vinyl Gel. Мислам дека совршено ги балансира сјајната кожа и мојата светла бронзена шминка - лесно се постигнува со користење бронзер и хајлајтер во исто време! Оваа боја кармин инспирира смел стил, затоа ја носам со моите момчешки фармерки и лесна маичка во жолта боја!”
СОВЕТ НА ВЕРОНИКА!
За овој изглед, одбрав да не носам молив за очи затоа што не сакав да претерам со шминка - таа треба да ги нагласи усните и да креира сјајна кожа.
Маркета Венена, Чешка
Следете ја:@marketavenen и на www.marketavenena.com
Носи: Сите 6 нијанси
“Ако носите неутрална шминка на очите можете да ја одберете било која боја на кармин, од светло розева до темно црвена, и сите ќе изгледаат одлично! Одбирањето на вистинската боја зависи само од вас!”
СОВЕТ НА МАРКЕТА!
Носете неутрална шминка - така ќе можете да си играте со нијансите кармини во текот на денот. Само одберете ја онаа што одговара на вашето расположение!