КОГА МУ СЕ ПРИКЛУЧИВТЕ НА ОРИФЛЕИМ?
На Орифлеим му се приклучив пред педесетина години, заедно со мојата мајка и мојата помала сестра. Тогаш, поради лични околности, направив пауза. Но во 1986-та започнав повторно, сама, бидејќи не можев да се оттргнам од Орифлеим. Исто така, во тоа време имав две ќерки тинејџерки и сакав да мислат дека сум модерна и забавна. Како и да е, немавме многу пари.
Одлична бев за продавање и за регрутирање нови членови, па станав регионална менаџерка истата таа година. Сѐ уште работам во Орифлеим, а исто и мојата најстара ќерка.
"ДДоживеав неизмерна среќа, но и можност да им помогнам и на другите да бидат среќни!"
КОЕ Е НАЈДОБРОТО СЕЌАВАЊЕ ОД СИТЕ ОВИЕ ГОДИНИ?
Сите патувања на кои сум била! Но најомилено ми е патувањето за 25-годишнината на Орифлеим. Каков неверојатен настан! Искусив преголема среќа, но и можност да им помагам и на другите да успеат и да си ја пронајдат својата среќа.
ШТО ВИ ПРЕТСТАВУВАШЕ РАБОТЕЊЕТО ВО ОРИФЛЕИМ?
Многу пораснав и станав поцврста и похрабра. Порано бев многу срамежлива и имав проблем со самодовербата. Орифлеим исто така ми даде шанса да заработувам, што многу ми значеше, бидејќи започнав со работа без скршен денар.
БЕЗ КОИ ПРОДУКТИ СЕ УШТЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ?
Балсамот Tender Care е број еден за мене. Постои сите овие години и навистина е мултинаменски производ, со илјадници намени. Претходно користев производи за нега на кожа од сетовите Royal Velvet и Time Reversing, но сега ги користам сетовите NovAge Lift.
СПОДЕЛЕТЕ ГО ВАШИОТ НАЈДОБАР СОВЕТ СО КОНСУЛТАНТИТЕ!
Имате толку многу можности! Осигурете се дека имате добар план и добри цели. Исто така важно е да одржувате лични контакти со луѓето. Бидејќи имам предизвик од долги растојанија, им се јавувам на луѓето за да им кажам колку е неверојатен Орифлеим. Најдобро е да им се јавувате за време на нивните родендени. Посакајте им среќа и бидете личност на која можат да сметаат.