Парфемите му се во крвта на Fabrice Pellegrin. Тој ја наследил оваа страст од неговиот татко, кој исто така бил парфимер. Пораснал во Франција, каде го стекнал своето образование во познатото училиште “House of Robertet” пред да премине во гупацијата за парфеми Mane и подоцна во HERMÈS. Pellegrin продолжил да креира парфеми за светски познатите парфимери како Thierry Mugler, Diptyque, Giorgio Armani и секако, Орифлеим.
Неговата најнова креација е Giordani Gold Essenza, парфем за кој вели дека “мириса како сончева светлина и среќа”.
“И во создавањето, сфативме дека во еден момент, успеавме да ја претставивме неверојатната миризба на цвет од портокал.... тоа е магијата на парфемот.”
Инспириран од Италија, парфемот го доловува локалниот мирисот на цвет од портокал, деликатен цвет со прекрасен мирис. Но екстракцијата на нотите на оваа миризба не е ни малку лесна:
“Нотите беа ко-екстракција од светот од портокал, и нивниот развој беше долг процес”, објаснува Pellegrin. “Еднаш неделно, моите техничари и јас бевме пред машините каде ја местевме вистинската температура и притисок за да може да го извадиме најдобриот дел од светот од портокал.”
Техниката која ја користеле Pellegrin и неговиот тим е мошне комплексна, толку многу, што всушност се користи само во најскапите и нејексклузивните парфимерии.
“Оваа нота нема никогаш да се користи во друг парфем, освен во Giordani Gold Essenza.”
Создавањето парфем е долготраен процес кој бара посебна вештина. Самото усовршувањето на мирисот на свет од портокал одзема неколку месеци. Иако цветот од портокал е во срцето на парфемот, зачинет е со ноти на цитрус и бергамот, и одразува додатна почест кон Италија со совјата основа од тусканско дрво.
Но, откривањето на цветот на портокал е она што Pellegrin го обасјнува како “магијата на парфемот”. ТОлку магично што оваа состојка ќе се користи само во Essenza.