ШТО ПРЕТСТАВУВА ПАРИСКАТА ЕЛЕГАНЦИЈА СПОРЕД ТЕБЕ?
Ова ми е тешко да го објаснам, иако цел живот живеам во Париз. Мислам дека можеби е нешто што го учиме од нашите мајки, баби, пријатели... тоа е стил, начин на живеење, уметност на живеење, кои се гледаат дури и во најмалите детали на сè што правиме, секој ден. Како избирање едноставна марама кога одиме на кафе или користење безвременски мирис.
ШТО ГО НАПРАВИ ОВОЈ ПРОЕКТ ТОЛКУ ПОСЕБЕН ЗА ТЕБЕ?
Како парижанка и парфимерка, овој проект ми беше сон. Сакав да ја доловам совршената слика на најелегантната софистицирана жена што го поседува тој посебен париски шарм, таа уметност на живеење. Како парфимерка, добив шанса да ги искористам двата најскапоцени и највредни сурови материјали во парфимерството - акордот „делер“ и белиот ирис.
ЗОШТО СЕ ТОЛКУ ПОСЕБНИ ОВИЕ СОСТОЈКИ?
Да се работи со акордот „делер“ е многу ретка привилегија. Парфимериската куќа „Делер“ е всушност родното место на модерното парфимерство, каде што се создавале нови мешавини од ноти или акорди, повеќе од 140 години. Досега овие акорди беа резервирани за најпознатите и најексклузивните брендови на парфеми, како „Шанел“ и „Герлан“.
Белиот ирис е исто така вистински скапоцен камен во парфимерството. Еден од најскапите сурови материјали што постојат и состојка резервирана за високата мода. Познат е како златниот цвет на парфимерството. Обожавав да работам со овие состојки со висок квалитет.
ШТО МИСЛИШ ЗА КРАЈНИОТ ПРОИЗВОД?
Го обожавам! Многу сум горда. Парфемот Eclat Mon е најексклузивниот мирис што можете да го најдете, односно тој е „парфем“. Чувствувам дека создадов нешто многу посебно: модерно но безвременско. Со осовременувањето на неверојатниот акорд „делер“, дојдоа до израз најдобрите ноти на прекрасниот бел ирис. Резултатот е софистициран мирис, како најелегантното париско искуство. Всушност, би рекла дека парфемот Eclat Mon за мене го претставува Париз во шишенце.