3 најпознати трендови од модните писти за шминкање на очите

Сите ги видовме оние екстремни видови на изглед кој се носи на модните писти. Но, кој од нив можат да се носат преку ден? Направивме селекција.

Песочни „sмокy“ очи
Видени на ревиите на: Roberto Cavalli, Giorgio Armani, Carolina Herrera и Alexander Wang.

Овој изглед кој прослави многу дизајнери исклучителни е погоден за сите кои сакаат неутрален, но сепак драматичен изглед на очите. Добро ги поднесува сите текстури – од матирани преку светкави се до металик нијанси. Ако сакате да испробате дневен „sмокy“ изглед на очите ова е совршена комбинација за вас. Кога ќе додадете неутрална боја на кармин и разбушавена коса како што тоа го направи Roberto Cavalli, ќе добиете изглед на модерна Brigitte Bardot кој го обожуваме!

 

 







Очи од 60-тите години

Видени на ревиите на: Dsquared2, Emilio Pucci, Nanette Lepore и Fendi.

Очите од 60-тите тешко остануваат незабележани. Јарки црти на моливи за очи, пастелни бои на сенка, тенки трепки, се главните одлики на овој изглед. Најважно е очите да бидат истакнати и отворени. Изберете комбинација и изразете се!

   

Изразено виолетови очи


Видени на ревиите на: Matthew Williamson, Derek Lam и Vera Wang.

Боја на слива, јоргован и лаванда. Овие нијанси се многу популарни на модните писти оваа сеозна. За секојдневен изглед избравме боја на лаванда зошто е поблага од овие интензивни нијасни и на капаците им дава пролетна свежина. За вечерни излегувања избравме боја на темна слива која значително ги истакнува очите.

 

Текст: Фотографии: Getty Images