Стил и убавина инспирирани од модните писти!

Инспирирани ли сте да позајмите инспирација од модните писти за вашето следно излегување? Додадете допир на гламур со темен тен, темни усни или нагласени очи. Еве како да го привлечете вниманието оваа празнична сезона - со стил од модните писти.

Темен (Лажен) Тен
На ревиите за сезоната Есен/Зима, моделите имаа сјаен тен кој беше контрадикторен со временските услови. Кога нема сонце, овој тренд може да го канализирате преку креирање на лажен тен. Или пробајте да креирате темен тен со контурирање за да изгледа како штотуку да сте се вратиле од некоја сончева дестинација. 

Виден на ревиите на: Dsquared², Moschino, Chloé, Michael Kors

 

 

 

 

 

Темни Усни

Бидте драматични со темни усни. За Есен 2015, темните нијанси на бордо и виолетова се вечерен заштитен знак - мат или сјајни, изборот е на вас. За да го постигнете изгледот погледнете го овој туторијал.

Виден на ревиите на: Trussardi, Emanuel Ungaro, Bottega Veneta

 

 

 

Графички очи 

Геометриските форми се сеупте актуелни и оваа сезона, Чувајте ги црниото моливче и темните сенки за ои при рака за да го креирате овој интензивен изглед - колку поголемо и повпечатливо, толку подобро. 

Виден на ревиите на: Chanel, Dior, Fendi, Rochas, Paco Rabanne, Rick Owens, Rag & Bone

 

 

 

 

Очи со додатоци

Очите беа декорирани со вештачки дијаманти и вештачки трепки оваа сезона. За да го доловите овој изглед на начин кој е поприкладен за секојдневино носење, пробајте да користите металик туш за очи со кој ќе креирате мали точки под очите. 

Виден на ревиите наMary Katrantzou, Rodarte

Текст: Фотографии: Getty images