5 најважни трендови за убавина оваа есен

Заменете ја едноставната шминка со нешто посмело и потемно: темновиолетов кармин или интересни светки. Ние ви ги нудиме овие 5 стила. Се осмелувате?

1. КОСА КАКО ЗА ВО ДИСКО
Време е да ги земете виклерите, бидејќи волуменот на косата како за во диско се враќа во мода и може да се види на манекенките од Њујорк до Милано!

Видовме кај: Гучи, Ланвин, Луј Витон, Дајан фон Фурстенберг

2. СВЕТКИ И СЈАЈ
Малку светкава сенка за очи ќе ја збогати вашата шминка, или можеби светкава маскара. Бидете мајстор за есенски сјај!

Видовме кај: Џамбатиста Вали, Барбери, Сен Лорен, Холи Фултон

3. ТЕМНИ УСНИ
Црвени, виолетови или мат, оваа сезона усните се темни и имаат шмек на опасен луксуз.

Видовме кај:  Мери Катранзу, Марни, Луј Витон, Фенти х Пума Родарт, Кристијан Диор

4. СВЕТКАВИ УСНИ
Светкавите усни се враќаат на голема врата! Комбинирајте ги заводливите и сочни усни со порцелански тен.

Видовме кај: Кристијан Диор, Питер Пилото, Макс Мара

5. ТРЕПКИ КАКО ТВИГИ
Трепки како Твиги на горните и долните очни линии се задолжителни за сезоната есен/зима 2016!

Видовме кај: Карвен, Кристијан Диор, Нина Ричи

 



Текст: Фотографии: Getty Images