Светки за возрасни
Металик фустани - долги и кратки - се дел пролетното “повеќе и повеќе” расположение. Но она е навистина возбудливо за нас е шминката. Помислете на неверојатно сјајни усни кои изгледаат како надвор од оваа планета, веѓи со светки и разнобојни светкави мониста проткајани во косата или залепени на капаците.
Инспирација од модните писти: Ashish, Prada, Giambattista Valli, Maison Margiela
Декоративна коса
Оваа пролет, косата игра споредна улога во однос на додатоците за коса - тие беа секаде! Ослободете ја внатрешната принцеза и пробајте тијара (најдобро изгледа во комбинација со едноставен сатенски фостан) или комбинирате фризура од 70-тите со свежи цветови. Максималистите ќе ги обожаваат разнобојните траки за коса и марамите, или ќе канализираат нешто поскромно со лесно врзана панделка за коса.
Инспирација од модните писти: Saint Laurent, Dolce & Gabbana, Lanvin, Diane von Fustenberg
Монохроматски маникир
Модната фасцинација со уметност на нокти е сеуште присутна. Оваа сезона, класичниот француски маникир е зајакнат со монохроматска палета и геометриски форми.
Инспирација од модните писти: Mugler, Markus Lupfer и Cushnie et Ochs.
Неверојатно сино
Во мода е да имате момент на сина шминка. Помислете на сини тонови нанесети како бандитска маска и матни сини ориеоли кои достигнуваат до очните коски и образите. Препорачуваме овој претеранo нагласените макини оли или електрични сини трепки како од модните писти да ги комбинирате со пижама-инспирирано одело.
Инспирација од модните писти: Chanel, Roksanda Ilincic, Diane von Fustenberg, Missoni, Mary Katrantzou
Црвена треска
Мат-црвено кај Topshop Unique, јака црвена кај Oscar De La Renta, темно-црвена кај Burberry Prorsum – има потреба да продолжиме? Nina Ricci, Jason Wu и Victoria Beckham сите потврдија: црвените усни остануваат!
Инспирација од модните писти: Topshop Unique, Oscar De La Renta, Burbery Prorsum
Плетенки
Скромната плетенка доби освежување. За пролет/лето 2016, плетенките доаѓаат во многу стилови: цврста исплетена круна, елегантна француска плетенка, микро-плетенчиња, ниски кикички - плетенките се насекаде. Но кој е наш фаворит? Спиралната плетенка - таа предизвика гоелм интерес кај модниот свет.
Инспирација од модните писти: Louis Vuitton, Hervé Léger by Max Azria, Céline, J.W. Anderson, Public School
НИе ја викаме “кожа на супермодел”. Беспрекорен, росен изглед, заруменети образи и убаво обликувани веѓи. Совршени за комбинирање со најубавите фустани за сезоната (како кај Alexander McQueen) или смели примарни бои (кај DSquared2) или голи раменици (видени – па, секаде!).
Инспирација од модните писти: Michael Kors Collection, Alexander McQueen, DSquared2