Овошни усни
На модната недела есен/зима 2015 доминираа весели нијанси на црвениот кармин. Кожата на Roksanda Ilincic беше бледа со малку обоени усни во боја на цреша со мат кармин. Во меѓувреме ACNE Studios ги прогласија усните во боја на домат за неизбежен моден стил. Косата беше собрана за максимално внимание да се посвети на усните.
Боја за усни во слоеви
За да се постигне длабока, темно црвена боја на усните треба да нанесете неколку слоеви. За Marchesa усните во боја на вино беа боженствено сјајни и одговараа со мокриот изглед на очите. За да се носат вака силни нијанси прво треба да се нанесе карминот, а потоа моливот за усни. Carolina Herrera и Dolce & Gabbana исто така ставија слоеви на своите заштитни тонови, но усните беа мат за да се согласуваат со мачкастите очи.
Свежи усни
За Chloé и Topshop Unique најубавата шминка за есен е свежа и весела. Обоени образи, голи очи и убаво обликувани веѓи. Ефект: свежи усни и кожа со природен сјај.