Графички очи
Нежно и зачадено
Темни романтични очи бараат уметнички потези со четката. Кај Etro, водените линии беа обрабени со kohl кој додава драма на меко, матно нанесената сива сенка за очи. Во меѓе време, Pascal Millet се реши за сребрено и црно зачадени очи кои изгледаат како да се топат на долните трепки на моделите.
Сјајни капаци
Металик – златни, сребрени или бронзени – очи се неизбежни оваа сезона. Користете сенка за очи во молив, за да (како оваа на The One) за да го доловите изгледот на нежно размичкан сјај кој го промовираа Delpozo and Nicholas K. Оставете ги трепките ненашминкани и очи неподцртани за да постигнете максимален ефект.
Нови мачкини-очи
Во есен, изгледот мачкини-очи се носи смело и претерано нагласено. Кај Chanel и Paco Rabanne, мачкините очи беа комбинирани со беспрекорно исчупани веѓи и совршена основа.
Текст: Sophia Marinho de Lemos