Акцентот е секако на очите – боите треба да бидат интензивни затоа што летниот период е совршен за шминка која ги нагласува очите. Вашата кожа веројатно е веќе исончана и лесно можете во само неколку потези да ги нагласите контурите на лицето и очите. Еве ги нашите 3 омилени тренда кога е во прашање вечерната шминка.
1
ДРАМАТИЧНО СИНИ ОЧИ
„Во лето кога имате убаво исончан тен слободно можете да нанесете интензивни нијанси како светло сина и тиркизна и пурпурна боја на усните. На оваа шминка многу добро прилега и малку раскошна седефаста боја. Гел кремавата текстура на Giordani Gold кремастите сенки даваат неверојатен интензитет на бојата.“
вели Jonas Wramell, уметничкиот директор на Орифлеим.
2
ОЧИ ВО НИЈАНСА НА НЕЖНО СИНА
„Златната и сината бија се совршени во комбинација. Ако сметате дека сините нијанси се „премногу“ за вас, обидете се да нанесете само син туш и ќе имате само малку сина боја на очите. Тоа е дискретна шминка која ја нагласува сината и зелената боја на очи, а на кафените им дава топла нијанса на лешник.“
А за усните е нешто сосем различно...
3
УСНИ ВО БОЈА НА ЈАГОДА
„За полни и сензуални усни нанесете ја омилената нијанса на кармин, а потоа додадете малку сјај на средината на усните. Бојата на јагодите ќе ги нагласи усните, а совршено прилега со очи нашминкани во сини и тиркизни тонови.“