Водич за маски за кожа!

Постојат голем број видови маски на пазарот и сите се прекрасни! Сепак, може да биде тешко да препознаеш која најдобро им одговара на потребите на твојата кожа. Поради тоа, составивме мал водич што ќе ти помогне! Продолжи со читање!

Гел-маска
Ах, гел-маски! Нанесувањето ладна гел-маска секогаш е прекрасно искуство. Гел-маските се одлични за повеќето типови кожа и за кожата без сјај, по хаотична недела или по долга ноќ! Овие маски често имаат лесен, сочен и разладувачки состав, кој ги зголемува блескавоста и хидратацијата, за кожата да изгледа полно и свежо.
Пробај ја:  гел-маската за блескаво лице Love Nature за сите типови кожа

Глинена маска
Глинените маски се стогодишна тајна за убавина за прочистување на кожата. Овие маски ги користеле во антички Египет и затоа со сигурност можеме да кажеме дека се целосно испробани! Помагаат за прочистување на кожата и за отстранување на нечистотиите и мастите, што ги прави одлични за мрсна кожа со мозолчиња! Глинените маски често содржат хидратантни состојки и минерали, што ги прави погодни и за други типови кожа.
Пробај ја: глинената маска за прочистување на лицето Love Nature за сите типови кожа

Кремасти маски
Кремастите маски се класичен производ за негување на кожата. Нанесувањето дебел слој негувачка кремаста маска е најдобриот начин за освежување на кожата! Кремастите маски ја хидрираат и ја регенерираат кожата и изобилуваат со негувачки масла и состојки што ја одржуваат хидратацијата, што ги прави посебно добри за сува кожа.
Пробај ја: крем-маската за освежување на лицето Love Nature за сите типови кожа

Хартиена маска
Хартиените маски беа еден од најголемите трендови за нега на кожата во 2018 година, кој и понатаму е актуелен. Овие маски се мало парче хартија (или друг материјал) потопено во серуми, кои се богати со хранливи и активни состојки што помагаат за подобрување на сѐ, од еластичноста и мазноста на кожата до нејзината хидратација и блескавост. Најдобро е тоа што не мора да се плакнат и затоа се совршени за време на долг лет, за во спа-центар или за дома.
Пробај ја: хартиената маска за лице Love Nature Antioxidant за сите типови кожа

Ноќна маска
Кога на твојата кожа ѝ е потребна интензивна нега, пробај да користиш ноќна маска. Ноќните маски се исклучително хидратантни и богати со добри состојки, како масни киселини, хијалуронска киселина и потхранувачки путер. Создадени се да се користат по редовната рутина. Најдоброто е што не се измиваат. Треба само да се разбудиш и веднаш ќе изгледаш одморено, блескаво и подготвено за денот!
Пробај ја: ноќната маска NovAge Intense Skin Recharge

Текст: Фотографии: Орифлеим