Love Nature
Love Nature Гел-маска за блескаво лице, за сите типови кожа
(0)
Погледнете ги сите 0 оценки
(0)
Погледнете ги сите 0 оценки

Опис

Гел маска за една употреба во забавно пакување, со двојни ефекти врз кожата, благодарение на суперсостојките органски портокал и смоква. Портокалот, кој изобилува со витамин Ц, помага кожата да добие здрав сјај, додека овошните шеќери и флавоноидите од смоквата, помагаат за заштита на кожата од штетата предизвикана од слободните радикали.

Нанеси на лицето и остави да дејствува 10 минути, а потоа исплакни. Избегнувај ја областа околу очите. Пробај да нанесеш комбинација од повеќе маски, за дополнителна нега.


КОМБИНАЦИЈА ОД МАСКИ

Комбинирај повеќе видови маски и нанеси ги на различни делови од лицето, за да ги исполниш различните потреби на кожата. Добрата вест е што, Love Nature има 3 практични маски што ги исполнуваат сите потреби на кожата!


ВРАТИ ГО СЈАЈОТ

Некои денови на твојата кожа и недостига сјај и изгледа уморно. Оваа појава може да биде видлива на целото лице, но најчесто е најизразена на образите и на надворешниот дел на лицето. Постои само едно решение за недостигот на сјај, а тоа е Love Nature Гел-маската за блескаво лице!


ПОБЕДИ ЈА МРСНАТА КОЖА!


Кожата може да биде мрсна на целото лице, но најчесто овој проблем е најизразен на „Т-зоната“ (чело, нос, брада и пределот околу устата). Кога имаш проблеми со мрснотиите, прочисти ја кожата со Love Nature Глинената маска за прочистување на кожата.


ЗБОГУМ ЗА СУВАТА КОЖА

Сувата груба кожа или кожа што се перути, е честа појава на суви и ладни температури, но може да биде предизвикана и од други фактори, како клима уредите. Најчесто оваа појава е најизразена на образите и на надворешниот дел на лицето, но не грижи се, бидејќи овој проблем можеш да го решиш со Love Nature Кремастата маска за освежување на лицето!

  • Поблескава кожа со органски портокал познат по тоа што содржи витамин Ц! Витаминот Ц е познат по својата способност да го зголеми сјајот на кожата и има фантастични антиоксидантски својства. Оваа суперсостојка е, исто така, богата со овошни киселини што помагаат за хидратација на кожата.

  • Смоквата има делотворни хидратантни својства, благодарение на високото количество овошни шеќери и изобилство флавоноиди, кои помагаат за заштита на кожата од штетните слободни радикали.
Состојки
AQUA, GLYCERIN, POLYSORBATE 20, PHENOXYETHANOL, CARBOMER, XANTHAN GUM, IMIDAZOLIDINYL UREA, DISODIUM EDTA, PARFUM, SODIUM HYDROXIDE, CITRUS AURANTIUM DULCIS JUICE, FICUS CARICA FRUIT EXTRACT, SODIUM BENZOATE, POTASSIUM SORBATE, CITRIC ACID, CI 15985
Производите Love Nature ќе ја разубават твојата кожа и ќе ги разгалат твоите сетила,, со своите природни органски екстракти, супер состојки и неодолив мирис. Тие ја чуваат планетата бидејќи се без силикон, имаат биоразградлив состав и користат само природни пилинг-честички. Плус, сите пакувања се направени од 40% рециклирана пластика!

Цена за достава:

Достава на домашна адреса -159 ден.

Достава до Спонзорска станица - 109 ден.

Бесплатна достава со купен производ од Програма за бесплатна достава


КЛИКНИ ОВДЕ И ДОЗНАЈ КАКО ДО БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА