Love Nature
Love Nature Крем-маска за освежување на лицето, за сите типови кожа
(0)
Погледнете ги сите 0 оценки
(0)
Погледнете ги сите 0 оценки

Опис

Кремаста маска за една употреба во забавно пакување, со органска малина и со суперсостојката диво нане. Помага за освежување на кожата и предизвикува чувство на ладовина. Кожата станува мазна и освежена.

Нанеси на лицето и остави да дејствува 10 минути, потоа отстрани ја. Избегнувај го пределот околу очите. Пробај да нанесеш комбинација од различни маски, кога ти е потребна дополнителна нега.


КОМБИНАЦИЈА ОД МАСКИ

Комбинирај повеќе видови маски и нанеси ги на различни делови од лицето, за да ги исполниш различните потреби на кожата. Добрата вест е што, Love Nature има 3 практични маски што ги исполнуваат сите потреби на кожата!


ЗБОГУМ ЗА СУВАТА КОЖА


Сувата груба кожа или кожа што се перути, е честа појава на суви и ладни температури, но може да биде предизвикана и од други фактори, како клима уредите. Најчесто оваа појава е најизразена на образите и надворешниот дел на лицето, но не грижи се, бидејќи овој проблем можеш да го решиш со Love Nature Кремастата маска за освежување на лицето!


ПОБЕДИ ЈА МРСНАТА КОЖА!


Кожата може да биде мрсна на целото лице, но најчесто овој проблем е најизразен на „Т-зоната“ (чело, нос, брада и пределот околу устата). Кога имаш проблеми со мрснотиите, прочисти ја кожата со Love Nature Глинената маска за прочистување на кожата.


ВРАТИ ГО СЈАЈОТ


Некои денови на твојата кожа и недостига сјај и изгледа уморно. Оваа појава е видлива на целото лице, но најчесто е најзабележителна на образите и на надворешниот дел. Постои само едно решение за недостигот на сјај, а тоа е Love Nature Гел маската за блескаво лице!


  • Органската малина е мала, црвена и скапоцена овошка што изобилува со антиоксиданти и масни киселини, кои ја освежуваат кожата до совршенство!

  • Дивото нане е суперсостојка со прекрасни својства за обновување на кожата, кои ги разбудуваат сетилата! Со високото количество витамини, шеќери и флавоноиди, помага за освежување, хидратација и заштита на кожата од штетните слободни радикали.
Состојки
AQUA, GLYCERIN, CANOLA OIL, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE CITRATE, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER, PHENOXYETHANOL, IMIDAZOLIDINYL UREA, AMMONIUM ACRYLOYLDIMETHYLTAURATE/VP COPOLYMER, CAPRYLYL GLYCOL, XANTHAN GUM, PARFUM, SODIUM CITRATE, CITRIC ACID, MENTHA AQUATICA LEAF EXTRACT, RUBUS IDAEUS SEED OIL, MENTHA VIRIDIS LEAF OIL, PIPER NIGRUM FRUIT OIL, SODIUM BENZOATE, CI 14700, CI 19140
Производите Love Nature ќе ја разубават твојата кожа и ќе ги разгалат твоите сетила,, со своите природни органски екстракти, супер состојки и неодолив мирис. Тие ја чуваат планетата бидејќи се без силикон, имаат биоразградлив состав и користат само природни пилинг-честички. Плус, сите пакувања се направени од 40% рециклирана пластика!

Цена за достава:

Достава на домашна адреса -159 ден.

Достава до Спонзорска станица - 109 ден.

Бесплатна достава со купен производ од Програма за бесплатна достава


КЛИКНИ ОВДЕ И ДОЗНАЈ КАКО ДО БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА