Зошто сите зборуваат за масла за коса

Користењето на природни малса за коса можеби изгледа контрадикторно бидејќи ја миеме косата за да се ослободиме од маслата. Но, со цел да се заштити косата, овие масла ја влијаат во обновување на оштетената коса и ја прават мека и мазна. Во продолжение ќе дознаеш сошто тие се одобрени од експертите за нега на коса.

ЗА ЗДРАВА КОСА ШТО БРЗО РАСТЕ
Маслата за коса нудат повеќе придобивки, од спречување оштетување до подобрување на еластичноста и цврстината, што доведува до брз раст на косата. Двојна добивка!

Тие го прават ова преку штитење на косата од надворешните влијанија како грубо чешлање или сушење со пешкир, што може да ги оштети фоликулите на косата. Постојат потешки и полесни масла за коса и имаат различна намена:

Тешките, интензивни масла влијаат на надворешноста на косата, го заштитуваат влакното што е најпрво на удар кога станува збор за надворешните влијанија,” вели нашиот косметички научник Прунел Герет. 

Другите полесни масла навлегуваат подлабоко во влакното и ја подобруваат еластичноста и цврстината на косата однатре,”вели Герет, што повеќе штити од надворешните влијанија како загадените гасови.

Секако, освен овие причини, повеќето ги сакаат маслата за коса бидејќи тие го подобруваат сјајот, што доведува да имаш стилска фризура без да го посетиш салонот за убавина. Воедно, докажано е дека овозможуваат подолго траење на локните кај витканата коса.

 

  КОИ МАСЛА ЗА КОСА ЌЕ ДЕЈСТВУВААТ НА ТВОЈАТА КОСА?

Постои природно масло за секој проблем на косата, но имаме неколку омилени. Доколку твојата коса е сува и оштетена и сакаш да ја подобриш нејзината текстура, тогаш треба да користиш поинтензивно масло што ќе дејствува на површината на косата како што е Eleo Repairing Overnight Маслото за коса. Ако твојата коса е длабоко оштетена и сакаш да дејствуваш без да ја промениш текстурата, тогаш треба да пробаш полесно масло како на пример Love Nature Кокосовото масло за коса .

Се зависи од тоа каков резултат очекуваш и каков е твојот тип на коса. На пример, кокосовото масло е добро познато за намалување на лупењето на скалпот, па затоа често се препорачува за оние што имаат првут, иако би имало само благ ефект. Конкретен производ како на пример Love Nature Шампонот против првут со масло од чајно дрво и чичок, може да допринесе за подобар резултат во спречување на првутот.

Eleo Заштитното масло за коса може да се користи за заштита на косата пред стилизирање, а воедно ја заштитува и бојата, додека Eleo Маслото за коса за моментално потхранување овозможува хидратација и хралнивост заедно со зголемен сјај.

 ПРИДОБИВКИ ПОДОБРИ И ОД РЕГЕНЕРАТОР

Дали ти е потребно масло за коса доколку веќе користиш регенератор? Докажано е дека тие се различни производи и различно дејствуваат: маслата за коса се користат за конкретни проблеми на косата, додека регенераторот е општ третман.

Маслата можат да се нанесат на одредени и мали места, додека регенераторот е поопшт третман,” вели Герет. “Ако на посебно место треба поголемо внимание и поинтензивна нега како на пример оштетените врвови, маслото и серумот за коса ќе овозможи дополнителна нега на тоа место.”

 

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Маслата за коса може да се користат во различни ситуации во рутината за нега на косата :

Како ноќен третман/пред нанесување на шампон: на овој начин ќе нанесеш поголема количина на масло и ќе оставиш да се впие за подлабока нега. Кога ќе ја измиеш косата наредниот ден, шампонот ќе го отстрани вишокот масло, но остатокот ќе остане за да ги забележиш придобивките. Па, ако одлучиш да користиш масло за коса како ноќен третман, можеш да го прескокнеш нанесувањето на регенераторот по шампонот. Ова не треба да се прави многу често за да не се измрсти скалпот и да не се презасити косата. Препорачано е еднаш неделно.

Како среум за коса: можеш да нанесеш на одредени места за целни потреби. Ова може да се користи колу што ти е потребно. Нанеси неколку капки на дланките и протриј ги за да нанесеш тенок слој на косата.