Нема ниту еден парфимер во вашето семејство. Што ве поттикна да работите со мириси?
Отсекогаш ме интересираа мирисите, но не знаев дека од тоа можам да направам кариера!
Кога започнав да учам хемија на факултет, прочитав статија во весник за училиштето за мириси ИСИПЦА и знаев дека сакам да бидам таму. Но пред да се пријавам, сакав да запознаам некој парфимер – сакав да разберам што значи создавањето парфеми како професија, па затоа го побарав врвниот парфимер Жан Керло. Случајност е што тој тогаш беше претседател за запишување на ИСИПЦА и ме препозна кога се пријавив. Можам да кажам дека тоа беше судбина!
Значи вие верувате дека светот на мирисите е ваша судбина?
Да! Тогаш не знаев, но ѕвездите ми се поклопија и сега со сигурност верувам дека ова беше мојата судбина. Мислам дека сите ние имаме пат во животот и цел кон која треба да се стремиме.
Како некој што прво студирал хемија, дали ја сметате изработката на парфеми за наука, или имате поромантични сфаќања?
И двете. Видете, парфимерот треба да биде многу љубопитен и да ужива во новите искуства, бидејќи тоа е причина за иновација и креативност. Но, покрај романтичниот дух, треба да се има и разумност за наука - треба да се имаат и двете страни.
Дали го мирисате светот различно од другите луѓе?
Не мислам дека го мирисам светот различно, бидејќи сите ние мирисаме на сопствен начин и нашата перцепција е засилена од емоциите и искуствата. Но јас најверојатно мирисам повеќе - тоа е како игра: ќе помине некој покрај мене на улица, а јас ќе се обидам да го погодам парфемот што го носи. Како да сум детектив. Или, кога патувам, интересно е кога ќе пристигнам на некој аеродром и ќе си помислам: „Овој мирис е мојот прв контакт со оваа земја“.
Полудрагоцениот камен турмалин е искористен во My Destiny. Поради што е посебен овој убав елемент?
Овој камен е навистина посебен поради позитивната енергија и способноста да ја зајакне самодовербата. За мене, да се носи драгоцен камен е како да се носи парфем - тој те прави помоќен. Турмалинот е познат по тоа што поттикнува креативност, што, според мене, го прави мирисот уште попосебен. My Destiny ја има моќта на мирисот и енергијата на турмалинот.
Што ви дава самодоверба и позитивна енергија?
Љубовта! Ми дава сила и ме прави да поместувам планини. Со неа јас можам да ги надминам сопствените граници. Исто така, страста. Ми треба страст за она што го работам бидејќи тоа ме прави среќна, силна и одлучна.
Кажете ни нешто повеќе за другите ноти што ги има во My Destiny. Како и зошто ги одбравте?
Сакавме да создадеме мирис што зрачи со позитивна енергија и затоа парфемот започнува со светки од грејпфрут и боровинки. Во срцето, божурот е важна состојка, бидејќи додава елеганција. Цветот од портокал му дава моќ на мирисот. И на крајот пачули.
За мене, оваа состојка има длабочина и мистерија, аура што е важна за My Destiny – има нешто специјално во неа, нешто впечатливо.
Како се почувствувавте кога го изработивте мирисот My Destiny?
Бев многу горда и среќна со My Destiny, особено поради тоа што ова е прва моја соработка со „Орифлеим“.