Запознај ја победничката на Орифлеим тренд-наградите: Аманда Боргфорс Месарош

Орифлеим ја продолжува соработката со шведскиот престижен колеџ за дизајн „Бекманс“, за поддржување на соништата на младите дизајнери. Сега, на третото одржување на наградите, победничката на Орифлеим тренд-наградите ќе дизајнира колекција додатоци само за Орифлеим. Се сретнавме со годинашната победничка за да дознаеме повеќе за нејзината работа и инспирација.

Аманда, што те привлече кон светот на модата?
Сакав да работам со комуникација и со човечкото тело. Модата ја гледам како главна алатка што ни помага да ги изразиме својот стил, расположение или визија.

Што те инспирира најмногу од светот на модата?
Новата генерација на модата. Пресреќна сум што сум дел од оваа нова генерација што може да работи и индивидуално и како колективна сила за да создаде одржлива промена во светот на модата и во индустриите што се поврзани со неа. Исто така, постојано се инспирирам од современата култура, уметност и музика.

Твојата колекција „Beckmans“ ја имаш претставено на модните недели во Стокхолм, Копенхаген и во Париз. Какво е чувството да ја освоиш Орифлеим тренд-наградата?
Прекрасно! Многу сум почестена што ја добив оваа можност да бидам забележана од нови лица во светот. Ова искуство ми помогна да напредувам како дизајнерка и да се соочам со нови предизвици, а тоа е фантастично.

Каков беше твојот пристап кон тренд-наградите?
Прво започнав со 3Д-развој и направив примероци со металик-конци и хартија. Истражував за градските светла, за различните дезени што ги создаваат ноќните светла во движење на камера. Тоа ми даде способност да имам слобода во развивање на производот на почетокот од проектот.

Како те инспирираа ноќните светла?
Многу бев инспирирана од ритамот и чувството на градскиот живот. Многу ми се допаѓа поимот смелост, бидејќи остава силен впечаток. Вообичаено не работам со теми поврзани со неонски светла и забави, како и со светли и блескави бои, затоа беше многу возбудливо за мене да работам со нив. Ова искуство навистина го разви мојот начин на размислување и дизајнирање.

Ова е смел изглед, за жените што сакаат да се истакнуваат. Дали ова важи и за тебе?
Да! Мислам дека мојот стил на дизајнирање е многу смел. Сакам да се истакнувам, и како дизајнерка и како личност, преку начинот на кој се облекувам и се однесувам.

Каква беше работата со Орифлеим за дизајнирањето на твојата линија додатоци?
 
Катрин Ромаре (управителка на одделот за дизајнирање додатоци на Орифлеим) и тимот на Орифлеим беа многу охрабрувачки и позитивни. Ме поканија да ги пробам моите идеи и ми дозволија да бидам многу креативна. Веруваа во мене од почетокот до крајот.

Орифлеим постои во повеќе од 60 земји во светот, дали го имаше ова на ум кога ги дизајнираше додатоците?
Да. Мислам дека моите дизајни се едноставни и класични, но на смел и иновативен начин. Облиците се создадени за да одговараат на повеќе возрасти и на различен стил облека.

Дали мислиш дека твоите дизајни се одлика на твојата шведска заднина?
Апсолутно! Мислам дека едноставните изгледи и облици влечат корени од класичната „шведска естетика на дизајнирање“. Додатоците, исто така, може да се носат со многу различни комбинации, што јас сметам дека е многу одржлив и шведски начин на дизајнирање.

Твојата колекција е многу разновидна, кој е твојот најомилен изглед?
Многу ми се допаѓа начинот на кој синџирчето од чантата може да се носи и како ланче, со марама или едноставно да се прикачи на чантата за да се носи прекурамо.

Со кој додаток најмногу се гордееш?
Многу се гордеам со црната чанта, поради класичниот но, сепак, смел впечаток што го остава. Целата колекција оддава чувство на самодоверба, едноставност и современост. Многу сум среќна со крајниот резултат. Колекцијата навистина го одразува мојот начин на работа.

Текст: Фотографии: Аманда Боргфорс Месарош