Шведските принципи на работа функционираат и во Македонија

Вукица Марковска - Божиновска е дел од тимот на Лидери и бизнис партнери на шведската компанија за природна козметика Орифлеим во Македонија и ја носи титулата Сениор Златен Директор. По повод нејзината 20-годишна соработка со овој бренд, разговаравме околу искуствата и почетоците во Орифлеим, како и за можностите за градење на кариера во оваа компанија на македонското тло.

Што значи да се биде Лидер во Орифлеим? Како се стигнува до таа позиција и колку време е потребно?

Да се биде Лидер значи постојано да се градат вистински трајни врски со луѓето и тоа е мојот водечки принцип цели 20 години.

Се сеќавам дека кога прв пат се сретнав со светот на Орифлеим, се пронајдов себеси и својот начин на живеење. Ништо не беше тешко и многу брзо стигнав до титулата Директор, со што со гордост станав еден од најдобрите Лидери на Орифлеим во Македонија. Сега можам да кажам дека сум среќна и горда на она што го работам.  Работата што ве исполнува прави со задоволство да ја формирате вашата дневна агенда, и потоа со радост да се впуштите во нејзино остварување.

Кај нас на ова обично се гледа како на „работа на страна”, која дава можност за дополнителна заработка. Но, дали може да се изгради кариера во Орифлеим?

Точно. Таков е системот на директна продажба. Јас постојано им укажувам на луѓето  дека со Орифлеим може да се создаде сопствен бизнис кој нуди сигурна иднина, многу патувања, семинари и дружења, едноставно, оваа компанија навистина нуди можност да изградите успешна кариера и да не помислувате на друга работа. Ова е животен стил кој го преземаат оние што сакаат  да го одберат својот животен пат, да го разубават својот живот, но и животот на другите. Ова е животен стил за вистински Лидери.

Како/од каде, кога се приклучивте во тимот?

Најубавите нешта во мојот живот ми се случија случајно, непланирано. Иста беше и приказната со Орифлеим. Ништо не знаев за компанијата, ништо не знаев  за бизнис можност, но едно нешто знаев - ова е шведска компанија, која доаѓа од земја со високи стандарди во секое поле. Не ми требаше многу време да сфатам дека ова е тоа вистинското!

Кога зборуваме за Орифлеим како шведска компанија, таму работното време на пример е 6 часа. Дали истите правила се применуваат и тука, и кои се генерално сличностите и разликите?

Орифлеим е компанија која што ги почитува индивидуалностите. Важно е да се работи во согласност со морално-етичките норми на компанијата, а сѐ останато е сопствен избор. Орифлеим секому дава комплетна слобода во организација на работното време и работните ангажмани.

Дали навистина ја користите козметиката која ја препорачувате, и колку сте задоволни?

Секако, и не само јас, туку и целото мое семејство, поблиско и подалечно, цели 20 години. Орифлеим има широка палета висококвалитента козметика, со достапни цени.

 

Дали имате свој омилен производ, и што би препорачале од новата колекција?

Giordani Gold Essenza Парфемот е мирисот што ме прави среќна.  А, исто така  NovАge и Wellness, двете линии со кои и јас и компанијата сме навистина горди, пред с ѐ поради спојот на природните состојки со врвните технолошки достигнувања.

Орифлеим има и машка линија на производи, но колкав е процентот на мажи што купуваат во однос на жените? И дали сами бираат и порачуваат или сепак тоа се нивните девојки/сопруги?

Ова прашање одамна е одговорено, и митот за мажите кои не обнуваат внимание на својот изглед е само тоа - мит. Да, тие купуваат сами, се негуваат и обрнуваат внимание на сопствената хигиена и изглед. Мажот на новиот милениум е негуван и знае многу повеќе за козметика од мажот во минатото. И тоа е одлично!

Како Лидер, што би сакале да промените во македонските потрошувачки навики во следните 5 години, и кон што целите?

Македонскиот пазар изобилува со многу брендови за козметика, а наша цел и задача, како дел од Орифлеим, е да ги информираме и инспирираме оние кои постојано трагаат по својот омилен производ.

Што би им порачале на младите кои размислуваат за вклучување во системот во Орифлеим?

Ова е идеален бизнис за младите. Тие ги имаат основните услови за успех - младост, убавина, здравје од една страна и желба за успех, градење кариера, независност, материјална самостојност од друга. Ова е и идеален бизнис за оние кои сакаат да патуваат, бидејќи со Орифлеим најпознатите светски дестинации не се само сон!

Довербата е темелот врз кој се гради една успешна бизнис приказна. Односот на Консултантите на Орифлеим со потрошувачите е клуч за успехот на оваа шведска компанија. Тоа е двонасочен однос на доверба, од кој сите треба да имаат интерес. Колку е тешко да се биде Лидер, да се има тим и да се работи со луѓе, нешто што само по себе подразбира градење безрезервна доверба. Која е вашата тајна на успехот?

Има една мудра мисла која вели – „Да се стекнат милион пријатели пред да умреш не е чудо. Чудо е да најдеш еден кој ќе биде покрај тебе и кога милиони се против тебе.“

Јас го пронајдов својот бизнис партнер во компанијата Орифлеим. Опкружена сум со луѓе со кои е задоволство да се соработува и јас сум секогаш овде за да им помогнам со препорака, инфрмација, инспирација и убав збор.

Затоа, цврсто верувам дека мојот успех се должи на тоа што тие луѓе останале покрај мене и затоа што сите заедно целиме кон вредности кои се заеднички со високите вредности на Орифлеим.

Текст: Фотографии: Орифлеим