1. Раскажете ни накратко како поминува еден ваш ден?
Секогаш сум во трчање. Доколку некој ми ја мери километражата, мислам дека ќе има импресивни резултати (се смее). Но, секако, секоја мајка го трча овој маратон. Мора да ги подготвите децата за на училиште, да одите на работа, да направите вечера, да ја пуштите машината за перење, да испазарите и да им посветите време на вашите деца. Исто така сакам да одам на пливање, да играм тенис, да возам велосипед или да одам да џогирам. Мојот распоред е флексибилен, што си има свои предности, но и маани. Понекогаш можам да спијам и подолго, но некогаш треба да сум на нозе во 5 или 6 часот наутро. Има денови кога 4-5 часа ги поминувам во студиото за снимање и толку, но кога имам емисија се враќам дома, по цел ден отсуство, околу 22 часот.
2. Што ви дава сила секој ден?
Моите најблиски, моите деца. Нивната среќа, смеа и љубов ме прават да го остварам невозможното. Кога ме прегрнуваат, сите мои грижи исчезнуваат (се смее). Јас сум оптимист по природа. За мене чашата е секогаш полуполна.
3. Што ве прави да се чувствувате убаво?
Научив да се сакам и да се прифаќам себеси таква каква што сум. Не се грижам како изгледаат моите усни, нозе или нос. Како што реков, спортувам и со секој поминат километар добивам милиони ендорфини, кои ме прават да се чувствувам среќно и ја зголемуваат мојата енергија. Исто така внимавам на моите рутини за убавина - користам маски за лице, ја чистам, разгалувам и навлажнувам мојата кожа. Одвреме-навреме одам и на масажа во еден од моите омилени СПА-центри. Внимавам што купувам и што јадам, набавувам продукти од проверени доставувачи и секогаш ги читам ознаките на продуктите. Знам дека е многу, но успеав да создадам здрави навики (се смее).
4. Дали тоа што сте независни ви е важно? Што претставува тоа за вас?
Независноста за мене отсекогаш претставувала слобода. Секако, имаме многу одговорности секој ден, но ако сами си го одредиме својот ритам, ќе ја почувствуваме слободата. Независноста исто така за мене е поврзана со финансии. Не можам да побарам од мојот партнер да ги финансира моите потреби. Јас сакам да работам и сама да управувам со сопствените пари.
5. Кој совет сакате да им го дадете жените што сакаат да се независни?
Верувам дека секоја жена има интуиција што ја води. Професионалната независност може да се постигне кога сме сконцентрирани на некоја цел. Затоа јас секогаш советувам да се бараат алтернативни извори на заработка. Сметам дека Орифлеим им дава на жените уникатна можност да бидат независни. Затоа е и толку успешна во целиот свет!