Пет најинспиративни жени

На 8-март се прославува Меѓународниот ден на жената. Тој ден ги симболизира постигнувањата на жените ширум светот. Оваа година избравме пет жени кои со својата храброст, силата и грациозноста се вистинска инспирација за сите жени ширум светот.


EMMA WATSON:
Девојката која порасна
Emma Watson помина долг пат од нејзиното прво појавување на малите екрани како Hermione Granger во филмовите Harry Potter. Оттогаш, таа беше модел за некои од најдобрите модни дизајнери, дипломираше, тренира да стане инструктор по јога и беше назначена за Амбасадор на добрата воља на ОН. Оваа 24-годишна девојка ја поднесува својата слава со грациозност и спокојство - нејзиниот говор за камањата “HeForShe” го дочекаа овации и сме нетрпеливи да видиме што таа ќе направи следно!

  


ALEK WEK:
Од бегалец до модната писта
Alek Wek побегна од граѓанската војна во Јужен Судан во Лондон како бегалец во 1985 година. Тука таа беше откриена од ловци на манекенки и набрзо стана итернационален супермодел. Wek беше првата африканска моделка која се појави на корицата на водечки моден магазин, но покрај модата и убавината, таа го посветува своето време на кампањи за бегалци секаде низ светот. Денес, Lupita Nyong вели дека таа и е инспирација, како и сите ние.

 
 
 
 



MALALA YOUSAFZAI:
Куршумите не можеа да ја сопрат
Malala Yousafzai е најмладата добитничка на Нобелова награда. на возраст од само 17 години, младата пакистанка го посвети својот живот на кампањи за светско образование. Пред пет години пишуваше анонимен блог што во 2012 разултирање со обид за убиство. Денес таа продолжува се бори за своето и за образованието на младите ширум светот.

  


ANGELINA JOLIE:
Актерката која стана активист
Најубавата жена на светот е многу повеќе од само убаво лице. Angelina Jolie е американска актерка, режисер, добирничка на оскар, хуманитарец и Амбасадор на добрата воља на ОН - таа исто така е мајка на шест и сопруга на Brad Pitt. Jolie патува низ светот и донира во добротворни цели и нуди поддршка на земја за оние на кои им е потребна. 



KIM YUNA:
Кралицата на мразот
Јужно корејска која се бави со уметничко лизгање која се пензионираше минатата година, и никогаш не завршила натпреварување без да се најде на победничкиот подиум. На 24 години таа е олимписки шампион, објавувана авторка, поп пејачка, ТВ презентер и филантропист. Беше признаена за своите придонеси во Хаити, Јапан и Филипините. Го основаше “Little Yuna Youth Skaters Support Project” – кампања посветена на инспирирање на нова генерација лизгачи.


Текст: Фотографии: Getty Images