Nathalie Morris – Aмериканска убавина

Запознајте ја американската манекенка Nathalie Morris, позади сцената на смимање на последниот видео водич во Лондон.

Како станавте модел?


– Прво почнав да се занимавам со манекенство во својот роден град Портланд во државата Орегон кога бев многу млада, потоа почнав да студирам во Лос Анџелес. На крај се преселив во Лондон пред отприлика две години кога повторно почнав да се занимавам со манекенство.

Што ви се допаѓа во Лондон?


– Ја сакам уметноста и културата и нивната разновидност. А фактот што не морам никаде да возам е чист плус! Како и да е Лос Анџелес е мојот дом и ми недостасува. Ми недостасуваат плажите и убавото време и она чувство дека сум постојано на одмор.

Зошто го сакате манекенството?


– Искрено, ги сакам луѓето кои ги сретнувам. Повеќето луѓе кои ги познавам доаѓаат од различни места и градови и тоа ја прави разноликоста.

Производи без кои неможам:


– Бидејќи сум модел мојата кожа е подложена на разни третмани и многу брзо се суши. Потребни ми се производи кои се неверојатно хидрирачки и навистина неможам да го замислам животот без хидратантни маски. Истото важи и за маслото за коса и маската за коса.

Кој е вашиот омилен изглед од снимањата?


– Најомилен изглед ми се Ombre очите. Никогаш сама не би ги споила тие бои! Изгледаше прекрасно! Моите очи изгледаа многу поголеми!

Како изгледа вашата мејкап ритина кога не сте на снимање?


– Многу утринска маска. Подлога, пудра, коректор, пудра во прав, бирајте! Одам до крај! Јас сум мејкап девојка и зависник од мејкап производи!

Што правите во слободно време?


– Сакам да го поминувам своето слободно време во лондоските музеи. Исто така моментално работам на сопствена коллекција накит, па многу слободно врејме трошам на креирање на производите.

Кој е вашиот омилен изглед за вечерни излегувања?


– Чоколадно смеѓи очи. Туш на долниот капак и кармин во боја на месо. 

Како се храните и дали вежбате?


– Моментално не вежбам, но имав личен тренер. Што се однесува до исхраната, јас сум вегетаријанка и јадам многу зеленчук и секојдневно пијам околу еден литар вода. Ги избегнувам јагленохидратите и се обидувам да јадам што повеќе овошје.

Имате ли некои совети за убавина во текот на летото?


– Заштита од сонце. Најбрзиот начин кожата да ви остари е да изгори на сонце. Исто така обидете се да останете во ладовина што е повеќе можно.

А совети за зима?


– Хидратација, хидратација, хидратација! Користете маска за лице и коса и не заборавајте на хидаратнтни креми за раце. Многу луѓе не размислуваат за тоа дека рацете се изложени на негативни влијанија цело време, така да треба правилно да ги негувате. Истото важи и за усните!

Текст: Фотографии: Getty Images & Oriflame Editorial Team