Живејте единствено

Обожавам да водам здрав живот, во допир со природата, вели Ана Дерезовска, амбасадорка на Орифлеим. Во ова интервју таа ги споделува со нас своите тајни за убавина и открива што ја прави силна личност.

Како се грижите за својата убавина и како Орифлеим придонесува за тоа?
Јас
го обожавам здравиот живот и сѐ што е природно. Се грижам за моето тело (трчам, пливам, играм тенис, возам велосипед, скијам). Се обидувам да живеам во допир со природата и да внимавам на етикетите кога станува збор за храна и за козметика. Велат дека ти си тоа што го јадеш или, со други зборови, ти изгледаш како што ги чуваш телото и кожата. Ги ценам природната убавина, природната козметика и состојки и внимателно ја проверувам содржината на производите - затоа и го сакам брендот Орифлеим.

Дали вредностите на Орифлеим се блиски до вашите?
Сакам
да сум опкружена со луѓе, особено со моето семејство, но исто така го ценам и чувството на тимска работа. Затоа сум многу среќна за можноста да работам со група консултанти со ентузијазам. Јас сум многу страсна личност и се сметам за среќна што мојата работа е исто така и моја страст.

Кој е вашиот рецепт за успех?
За
мене најважен е спојот помеѓу работата и страста. Кога го сакаш тоа што го работиш и правиш максимален напор да дадеш сѐ од себе - успехот е загарантиран! Добро е човек да има цели. Исто така е важен и односот кон животот. Јас сум оптимистка и за мене чашата е секогаш полуполна. Сакам да зрачам со позитивна енергија и навистина чувствувам кога таа енергија ми се враќа.

Со какви луѓе сакате да работите?
Имам
големи очекувања од себе, па поради тоа и сакам да работам со луѓе со слична енергија, што бараат повеќе, што се оптимисти и одат на работа со насмевка на лицето. Исто така уживам да работам со креативни луѓе што имаат страст кон работата.

Кои особини ги цените кај другите жени?
Ги
ценам жените што знаат што сакаат и што се среќни во работата. Ако се посветени на своето семејство и се среќни - тоа е прекрасно. Ако одберат кариера - и тоа е прекрасно. Ако балансираат со двете (што не е лесно, зборувам од лично искуство) - уште подобро. Најважно од сѐ, жената треба да се чувствува добро. Не заборавајте: ако се сакаме, и светот ќе нѐ сака.

Која е вашата дневна рутина за убавина?
Најпрво
- чистење на лицето! Навистина внимавам на овој чекор за мојата кожа да може добро да ги впие сите состојки што потоа ќе ги нанесам. Морам да нагласам и дека секогаш ги читам етикетите и барам природни состојки. Мислам дека навистина се познава. Откога започнав да користам доверлива, природна козметика, мојата кожа е значително поубава.

Дали парфемот треба да му одговара на лицето што го носи?
Вашиот мирис не треба да го одберете случајно. Тој треба да одговара на вашиот карактер и личност. Орифлеим има огромна палета мириси и секој може да си најде нешто за себе. Јас веќе си го најдов мојот. My Destiny е нешто неверојатно. Интересно е што
Орифлеим е првиот
бренд во светот што користи ретка состојка - екстракт од турмалин. Овој скапоцен камен има неверојатна моќ за зголемување на самодовербата, поттикнување на креативноста и дефинирање на единственоста.

Ана Дерезовска
Една од најубавите и најталентирани полски актерки и успешна пејачка. Мајка на две деца. Наградувана за својата хуманитарна работа. Обожава патувања, спорт и мотори.

 




Текст: