Запознајте ги стилистите за шминка

Не е лесно да се биде почетник во оваа професија. Без оглед на се, Sandra Karlsson одлучила да ја напушти редовната работа и да стане слободен визажист и н атој на чин да заработува за живот. Разговаравме со неа за нејзините искуства и ја замоливме да ни даде некои совети кои и вам ќе ви бидат корисни.

Како знаевте дека сакате да станете визажист?

Кога бев млада многу сликав и наместо постери со музички ѕвезди по ѕидовите лепев страници од модни списанија. Но, ми требаше време да ја донесам конечната одлука за тоа што сакам да станам затоа што не бев сигурна дали ќе можам да живеам од самостојна работа како визажист.

Кој е најдобриот дел од вашата работа?

Запознавањето на многу интересни и креативни луѓе. Голем дел од времето кое го поминувам во оваа работа сум на динамични локации. Еден од најинересните проекти на кои досега работев е снимањето филм со Olo Rapace во главната улога. Искрено се радувам на премиерата која ќе биде во текот на 2015!

Кој е вашиот омилен изглед?

Носам малку шминка, со хидрирачка подлога. Ги четкам веѓите. На образите ставам малку руменило за да постигнам природна боја на лицето. Сакам smoky изглед на очите затоа што изгледа добро и е постојан цел ден.

Кое прашање за шминката најчесто ви го поставуваат?

Smoky очите е нешто што речиси секој сака успешно да го совлада, но често се откажуваат. Кога нанесувате темна сенка, лесно се слуѕчувца да изгледа неуредно. Трикот е во тоа да не ја нанесувате цела боја оддеднаш, туку постепено да нанесувате и размачкувате.

 

Постојат ли најчести грешки кои луѓето ги прават при шминкањето?

Најголема грешка е што шминкањето го сфаќаат премногу озбилно. Тоа е само шминка и ако се чувствувате дека најдобро би отишле на работа носејќи портокалов кармин – НАПРАВЕТЕ ГО ТОА. Често гледам жени кои носат погрешна нијанса на пудра. Тоа не е тешко да се избегне. Прашајте го продавачот за совет. Тие се таму за да ви помогнат.

Споделете ги со нас најдобрите совети за шминка

Руменило! Му користи на секое уморно и бледо лице. Друг совет е својата омилена пудра да ја купувате во две соседни нијанси. Темната користете ја летно време, а светлата во зима. Во текот на останатите сезони можете да ги мешате двете нијанси и да создадете совршена нијанса за својот тен. Никако немојте да ја заборавите негата на кожаа. Ниедна шминка нема да биде квалитетна ако кожата на која се нанесува не е квалитетно негувана.

Текст: Фотографии: Joakim Eriksson & Eric Gustafsson