Одамна не сум видела ваква интересна сезона. Модните писти се преполни со анимал принт, прекрасни разновидни геометриски дизајни и убави живи бои. Природната, свежа шминка исто така се враќа во мода. Затоа, нема шанси да бидете здодевни оваа есен!
“Погледнете ги главните трендови кои ги одбрав за вас и оваа сезона експериментирајте, излезете од зоната на комфорот и оставете сопствен стилски траг!“
ЗА ОНИЕ СО ДИВО СРЦЕ
За најдобро да го покажете вашиот есенски гламур, искомбинирајте благо-тесна облека со Imana накит со стилски дезен на желка. Додајте малку мат црвена боја на усните и вашиот омилен моќен мирис на крај.
ПРОБАЈТЕ НОВИ БОИ И ФОРМИ
Ако класичните земјени тонови ви се здодевни, тогаш време е за шарена промена! Игривите аксесоари од Graphic колекцијата и Very Me Candy Gloss лакот за нокти, се гаранција за разведрување на дождливите денови.“
ЛУКСУЗОТ Е ВО ДЕТАЛИТЕ
За да изгледате безвременски префинето, комбинирајте ја вашата Classica торба со облека во неутрални бои од богат материјал, како на пример лесна волна и квалитетен памук. Неколку капки Giordani Gold Original ќе ви дадат нота на луксуз.
СЕДУМДЕСЕТТИТЕ СЕ ВРАЌААТ!
За модерен луксуз, инспириран од 70-те, комбинирајте ја вашата Imana торба со долга брановидна коса, тесни панталони со висок струг и опуштена беж сатенска блуза. Совршен финиш се суперкадрави, долги трепки.
ВРЕМЕ Е ДА ЗАБЛЕСКАТЕ
Пресликувајќи ги боите на есенското ноќно небо, Stardust марамата се прелева од розево во сребрено-сива боја. Комплетирајте го изгледот со суптилниот сјај за усни на The ONE Power Shine карминот и харизматичниот мирис на Power Woman!