"Верувам дека најважно е да најдете нешто уникатно, но кога го велиме тоа, не плашете се да искористите постоечки концепт и да го адаптирате на вашите таленти. Јас прв пат ги открив часовите по чист фитнес во Лос Анџелес и набрзо заклучив дека тоа е идеја која можам да аја адаптирам и да ја донесам во Стокхолм. Се потпрев на моето искуство како поранешна натпреварувачка во лизгање, настапувач и музичарка, за да креирам нешто ново и свежо."
2. Истражете и направете план.
"Сите имаме некоја пасија, но трансформирањето на таа пасија во бизнис е поинакво. Треба храброст, искуство, истражување на интернет и време да го развиете вашето знаење и идеја пред да го почнете бизнисот."
3. Почнете со мали чекори.
"Почнете со имплементирање на идејата на наједноставниот можен начин. Го почнав Barre Mode со едно-часовни часови, еднаш во неделата во стидио кое го изнајмував од пријателка. Тоа ми помогна да видам дали мојата бизнис идеја има потенцијал - сега одржувам 17 часа неделно во мое сопствено студио! Мислам дека истото важи за секој бизнис, дури и за убавина: купете мала селекција на производи и побарајте мислење од потрошувачите. Што сакаат? Што не сакаат? Што би сакале да е позастапено? Овие информации се бесценети. Почнете со мали чекори и оставете го бизнисот природно да расте."
Дознајте повеќе на www.barremodestudios.com