Како да го изберете совршениот мирис за вашата венчавка

Вистинскиот мирис за вашата венчавка ќе го оформи расположениет за највпечатливата пригода во вашиот живот. За затоа прашавме група експерти кои мириси треба идните невести да ги земат предвид кога го одбираат мирисот за нивниот посебен ден.

Орифлем експерт за мириси, Матилда Џонсон
Мирисот креира емоционално искуство. Тоа е начин на изразување кои сме и кој сакаме да бидеме. Па кога избирате мирис за вашата венчавка, почнете со тоа како сакате да се чувствувате и што сакате да искажете на вашиот посебен ден.

Ако сакате да се чувствувате енствено и романтично, одберете суптилна композиција од дрвенести ноти и цветни букети. Ако сакате да зрачите со гламур, тогаш барајте класични шипра мириси. Или ако сакате да иразите сензуалност, барајте топли зачини, ориентални состојки, мошус и цветови со сладок мирис. 

Парфимер, Винсент Шалер
“Бидејќи венчавката е најважниот ден во вашиот живот, препорачувам да носите мирис што е елегантен, што прави да се чувствувате сомоуверено и што ќе остане да трае со часови.

Ја ставив белата роза во срцето на Volare Forever поради нејзината длготрајност и романтичност. Веднаш знаев дека сакам да го поврзам овој мирис со свадбениот ден - сепак “засекогаш (forever)” се поистоветува со вечната љубов, а за мене тоа треба да биде една венчавка. Мирисот на невестата треба да зрачи - како убав зрак светлина на најубавиот ден од животот.” 



Стилист на познатите, Камила Астранд
Одбирањето на мирис за вашаа венчавка треба да биде важен дел од вашите подготовки, како што е одбирањето на фустанот. Кога одбирате парфем, има два пристапи од кои можете да осберете: едниот е да го носите вашиот препознатлив мирис (доколку имате), познат мирис што ќе ви пружи топлина и сигурност на двајцата за време на прославата.

Или, можете внимателно да одберете нов мирис што ќе го носите на вашата свадба и на идните годишнини. На тој начин мирисот секогаш ќе ве потсетува на вашиот посебен ден и ќе ви враќа убави спомени. Доколку го направите ова, земете си доволно време за да го најдете вашиот мирис - и вклучете го вашиот партнер во изборот.

Основач на Bride Book и Groom-to-be, Хамиш Шепард 
"Избирањето посебен мирис за церемонијата мозе да биде навистина забавно. Обидете се да вклучите детали кои се важни, како на пример темата на прославата, стилот и годишното време.

Топли мириси како килибар и чоколадо можат да бидат премногу тешки и ногати доколку правите летна савдба, но ќе бидат одлични за симска прослава! Иста така, класичен парфем, направен од состојки како јасмин или рози може да биде совршен за традиционална церемонија, но може и да не одговараат за релаксирана свадба на плажа.


Невеста, Даниела Бонарди
"Бидејќи свадбите се навистина напорни, одбрав да го носам мојо вообичаен парфем на посебниот ден - сакав да се чувствувам смирено и комотно. Мојот совет за идните невести е да носат нешто што ќе направи да се чвствуваат удобно. Ќе забележите дека на вашата венчавка станува засилен и поинтензивен, па затоа ќе ви биде потребен мирис на кој ќе можете да се потпрете, Плус, на овој начин секој ден ќе можете да се потсетите на вашиот свадбен ден.” 









Текст: Фотографии: Giorgos Gerogiannis