1. Ослободете се од вината.
"Живееме во свет каде очекувањата од секоја жена се многу високи, повеќето од нив си ги имаме самите наметнато поради воспитувањето, верувањата и редностите. На работа се чувствуваме виновни ако не одговориме на телефонот или на имеил пораките веднаш. Но од друга страна, стануваме "лоши жено" (сопруга, мајка, девојка, снаа) доколку не направиме за ручек/вечера, не направиме планови за излегување и не ги завршиме семејните обврски.
Од каде доаѓаат сите овие нереални очекувања? Превземаме повеќе улоги и извршуваме повеќе обврски од нашите претходници, но не сакаме да се отстапиме од некои стари верувања. Не е можно. Нешто мора да се промени. Предизвикот е реален и мислам дека нема лесен одговор, освен дишете, помирете се и најдете го сопствениот мир. Редефинирајте што значи успехот и реевалуирајте какво воспитување сакате да им пружите на вашите деца. Нема точен или грешен одговор. Бидете искрени со себе за причините позади вашите одлуки. Дали сеуште го мислите истото или сеуште се држите до некои стари убедувања?
"Кога се споредувате со другите, ја споредувате вашата внатрешност со нечија туѓа надворешност.."
3. Престанете да се споредувате."Кога се споредувате со другите, ја споредувате вашата внатрешност со нечија туѓа надворешност. Тоа е бесцелно. Лесно е да ги гледате другите жени кои изгледаат поуспешни, послаби, ви изгледаат како да се подобри мајки и сопруги. Но, нема една величина која одговара за сите. Споредувањето на вашиот живот со животот на другите може само да направи да се чувствувате незадоволни и неспособни, без разлика како гледате. А тоа е непотребно, не правете го тоа."
4. Бидете помирени со вашите избори. "Прифатете дека секој избор што ќе го направите има последици. Секое "да" за едно нешто, значи "не" за нешто друго. Поминете време со себе за да оцени што сакате да оставите зад себе. Ова е еден од најдобрите начини кои ги знам за да ги донесам тешките секојдневни одлуки. Верувајте дека правите се што можете, користејќи го максимумот ресурси кои ги имате за да ги остварите мометалните желби и цели. Потоа, кога носите некоја значајна одлука и правите обичен секојдневен избор, бидете мирни знаејќи дека во секој момент, го давате најдоброто од себе."