КАКО ГО СТАВИВ МАГИЧНИОТ МИРИС ВО ШИШЕ

Разговаравме 5 минути со Ева Видоу, жената што го смисли Elvie Firefly, за да дознаеме сѐ за најновиот мирис на Орифлеим!

Зошто ја ставивте полноќната роза во срцето на Elvie Firefly?
Elvie Firefly е топол, мистериозен ноќен мирис што потекнува од полноќната роза, бидејќи таа е цвет што расте само ноќе. Ни се допадна идејата за цвет што се буди откако ќе зајде сонцето и сакавме да ги доловиме мистеријата и магијата во шише: така почна сѐ. Како и полноќната роза, Elvie Firefly е смел, но и неверојатно женствен мирис – може да се каже дека е магичен! Инспирацијата дојде од шведскиот фолклор и сакавме да ја отсликаме убавината на шведските шуми, каде што живеат самовилите и каде што еден цвет расте само ноќе.

Кои други ноти се распознаваат во овој мирис?
Ова е цветен, дрвенест и овошен мирис, кој содржи многу состојки, но трите што доминираат се полноќната роза, за која зборував претходно, дрвото кедар, кое му дава земјен и дрвен квалитет на мирисот, и на крајот морската нота.

Зошто Elvie Firefly e инспириран од светот на фантазијата?
Првиот мирис Elvie  се појави во 2004 година, па затоа ова е концепт на кој работиме долго време. Elvie беше инспириран од имагинарниот свет на традиционалните шведски приказни за деца, каде што самовилите живеат во магичните шуми. Секој нов мирис од брендот Elvie  црпи инспирација од овој свет на фантазии и го проширува уште повеќе - ова е свет на самовили, магии и имагинација. Еlvie Firefly ја доловува мистеријата на ноќта.

Родена сте во Грција, земја што е богата со митолошка традиција. Дали го искористивте вашето грчко потекло?
Израснав со приказните за боговите и хероите од античка Грција и отсекогаш бев фасцинирана од нив, но за Elvie Firefly се инспирирав од нордиската митологија. Наместо на грчките божици, овој мирис ги има натприродната убавина и волшебните моќи на самовилите од шведските шуми и езера.

Дали верувате во магија?
Апсолутно!

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

3 ВАЖНИ СОВЕТИ ЗА ПАРФЕМ!

1. Кога нанесувате, прснете само двапати (најмногу трипати)!

2. Нанесете на зглобовите, зад колената и зад ушите

3. Чувајте го парфемот на ладно суво место, подалеку од сонце

 



Текст: