Кажете ни за инспирацијата зад Giordani Gold Notte?
Giordani Gold Notte е парфем наменет за мажи што не се плашат да го живеат животот до максимум. Мирисот е инспириран од страна на софистицираниот поглед на животот на италијанските мажи.
Giordani Gold Notte претставува моја трета креација за Орифлеим, базиран врз прекрасниот мирис на црн ветивер, измешан со најдоброто масло од бурбон ветивер, донесено од островот Риунион, кој се наоѓа на Индиски Океан, со внимателно одбрана палета состојки. Целокупниот резултат е топли ноти со дрвенести и земјени тонови, со аспект на вегетација и чад. Темен, кадифен и енигматичен мирис.
Кои мирисни ноти најмногу се чувствуваат во овој парфем?
Овој парфем претставува совршено избалансиран, мажествен и карактеристично рафиниран мирис. Експлозијата на мириси, на италијански цитрус со ароматичен чемпрес и пикантни ноти на зрна црн бибер, навистина го прави забележлив. Гурманското срце, со ноти на свежо мелено црно кафе, мирисливо каранфилче и зрела слива, дава чувство на топлина и провоцира. Но тоа што навистина го задржува вашето внимание е мирисот што останува врз вашата кожа откако ќе се исуши парфемот, со дрвенестите, чадливи ноти, најмногу ги истакнува мирисите на италијанскиот цитрус, црното кафе и црниот ветивер.
Имате прекрасна кариера како парфимерка. Какво е чувството да се биде жена што создава машки парфеми?
Секоја нова креација е нов предизвик. Секоја приказна, секој бренд и секој профил се различни. Креирањето машки мирис воопшто не е исто како креирањето женски мирис, мора внимателно да се одберат секоја поединечна состојка и квалитетот. Секоја состојка мора да соодветствува со мажествениот профил. За Giordani Gold Notte избрав луксузни и благородни состојки што одговараат на италијанскиот мажествен стил.
Кои се вашите најдобри три совети за мажите што купуваат парфеми?
1. Ако е можно, пробајте го парфемот врз вашата кожа, на неколку минути, на неколку часа или на еден ден.
2. Одберете мирис што ви соодветствува вам и на вашиот личен карактер: елегантен, спортски, сензуален или заводлив.
3. Прашајте го вашиот консултант за совет, тој ќе ви помогне да го најдете совршениот мирис за вас.
Што треба да имаат жените предвид кога купуваат парфем за еден маж?
1. Пробајте да го доловите карактерот на мажот за кого купувате парфем.
2. Изберете бренд што одговара на неговиот карактер.
3. Купете го мирисот што вие сакате тој да го носи и кој одговара на неговиот стил - спортски, урбан, софистициран итн.