Chloe Lloyd – Совети за убавина од топ моделите

Разговаравме со 21 годишната манекенка Chloe Lloyd од агенцијата Storm Model Management во текот на снимањето на нашиот видео туторијал во Лондон. Дознајте како овој врвен модел ја одржува својата кожа убава и негувана.

Како станавте модел?

Во својата рана младост почнав да се занимавам со манекенство. 

Кога имав 16 години мајка ми без мое знаење ме пријави на натпревар. Се разбира, како што можете да претпоставите, победив. Наградата за победничката на натпреварот беше комплетна професионална кампања која ме лансира во светот на манекенството. Со полни 18 години почнав да се занимавам со манекенство.

Како изгледа професијата манекен? Како е да се биде манекен?

Јас ја обожувам оваа рабпта. Многу патувам и сретнувам нови луѓе. Многу е забавно!

Спомнавте патувања, кои се вашите совети за убавина во текот на патувањата?

Користам многу произзводи за хидратација зошто имам сува кожа. Кога одам на долги патувања со авион, никогаш не користам шминка, туку користам само хидрирачка маска. Можеби на некој му изгледа чудно, но искрено не обрнувам внимание на еакцијата на другите луѓе. Мојата кожа ми е најважна!

Chloe за себе:

Производи без кои неможам:

Подлога, коректор и мојата четка за коса. Мојата коса секогаш се заплеткува па затоа четката е неизбежен дел од мојот несесер.

Стил за слободно време:

Кога излегувам сакам да имам свој уникатен изглед. Инспирацијата ја пронаоѓам во работата на своите визажисти со кои работам. Кога сум на снимање сакам да го испробувам изгледот дома пред да дојдам на сетот. Бидејќи тоа го правам сама знае да биде прилично забавно. Моментално највеќе ги сакам полните усни. Исто така, сакам да направам smoky изглед на очите. 

Совети за нега на коса:

Мојата коса е неверојатно сува поради многуте третмани кои ми се прават во текот на снимањата. Поради тоа користам масло за коса кое многу ми помага.

Моден стил за слободно време:

Сакам обични парчиња облека, но секогаш ги украсувам со некои егзотични детали. Секогаш сум била воодушевувана од работи во продавници во кои никој друг не купувал. Би ги носела еднаш и никогаш повеќе. Чудни, откачени чевли или јакна во јарки бои во комбинација со обичен топ и панталони – тоа сум типична ЈАС!

Режим на вежбање:

Кога работам на сет одам цел ден, па претпоставувам дека е тоа добро. Но, другите денови прилично сум прзлива. Не вежбам. А би требало, баш сум лош пример!

Исхрана:

Јадам многу. Но исто така природно сум слаба. Брзата храна не е здрава за кожата па затоа сум внимателна. За среќа, ја сакам здравата храна!

Ме радува:

Летниот одмор! Со мајка ми ќе патувам во Португалија!!!

Најдобар соет за убавина во текот на летото:

Користете СПФ спреј за својата кожа за да ги спречите влијанијата од УВ зраците.

Текст: Фотографии: Oriflame Editorial Team