50 години Орифлеим - Патот до успехот!

Невозможно е да не ве шармира Ена. Оваа ситна 28-годишна девојка од Бали, Индонезија, е модерна, ведра и зборлива личност, па затоа и не е чудно што е толку успешна. Три години откако стана дел од „Орифлеим“, таа постојано патува во Европа и има изградено успешен бизнис со убавина - истовремено градејќи кариера како стјуардеса. Разговаравме со Ена за да дознаеме како ѝ успева!

Освен што работите за Орифлеим, вие исто така сте и стјуардеса - кога започнавте?
Започнав да работам за локална индонезиска авиокомпанија во 2008 година, кога имав само 18 години - тоа ми беше амбиција од детството! Во 2011-та се приклучив на „Ер Азија“ и побарав да ме сместат во Бали за да можам да бидам блиску до моето семејство - да се биде заедно со семејството е најдоброто нешто во животот!

Сигурно патувате многу – кое ви е најомилено патување досега?
Моето омилено патување е кога отидов во Лондон, за Златната конференција во 2015 година. Тоа беше пет месеци по мојата свадба и затоа ми беше како бесплатен меден месец спонзориран од Орифлеим! Лондон навистина ми се допадна многу и сѐ уште сум восхитена како Орифлеим успева да создаде таков неверојатен ВИП-настан.

Лесен начин за започнување  бизнис без да ти требаат многу пари...

Каква е типичната Орифлеим-конференција?
Сѐ што велат од Орифлеим за нивните конференции е вистина! Без разлика дали е златна или дијамантска, тоа е како настан од соништата, бидејќи Орифлеим ги одбира најубавите дестинации на кои луѓето не биле; на пример за нас од Индонезија не е лесно да одиме во Лондон. Дури и ако имаш многу пари, тешко е да добиеш виза. Но со Орифлеим, кога отидов во Џакарта за да аплицирам за виза, требаше само да кажам: Орифлеим и тие рекоа: „Во ред!“ Беше многу лесно.

Орифлеим среди сѐ за нас. Во мастер-сесиите научивме како да го зголемиме нашиот бизнис, побрзо и подобро. А во наградите за постигнување и гала-вечерите добивме мотивација и инспирација од оние лидери што ги започнале своите бизниси од ништо и сега се успешни. Навистина научив многу од многуте луѓе што ги запознав!

Како дознавте за Орифлеим? Дали првото нешто што ве привлече беа патувањата?
Мојот сопруг е пријател со Ниек Маде Сугиарти и Ниоман Суриананта (кои се во топ 15 во Индонезија). Кога се запознав со Ни, се сеќавам дека ми кажа: „Ти сакаш да се шминкаш, си слушнала за Орифлеим?“ Немав слушнато.

Таа ми кажа дека со Орифлеим може да се патува низ целиот свет и дури да се посети Европа двапати годишно. Му реков на сопругот: „Ќе ја искористам можноста - ако може таа, можам и јас!“ Пет месеци откако се приклучив, станав сениор-менаџер, а го првата година добив три нови титули.

А за помалку од три години станавте дијамантска директорка!
Тоа е поради поддршката што  ми ја даде Орифлеим. Тоа е лесен начин за започнување бизнис без да ти требаат многу пари. Треба само да сакаш да научиш!

Дали користите социјални мрежи и интернет-алатки за да се приближите до новите клиенти?
Бидејќи работам како стјуардеса, јас 80% од мојот бизнис водам преку Интернет, а остатокот од времето надвор од Интернет. Се среќавам со луѓето на часовите за убавина, се среќавам со мојот тим и дистрибуирам флаери во слободното време.

Возбудена сте за крстосувањето по повод 50-годишнината?
Да, звучи како сон! Се надевам дека ќе земам голем дел од мојот тим со мене - мојата цел е 50! Во Копенхаген ќе земам 18 члена од мојот тим со мене – тоа е одлично!

Педесет луѓе! Мислите дека им помогнавте на други луѓе да си го променат животот?
Не, но мислам дека Орифлеим ми го промени животот мене и ми ги оствари соништата. Наместо да им служам на други луѓе цел живот, Орифлеим ме научи дека заслужувам подобро - дека можам да заработувам без да бидам оддалечена од семејството. Орифлеим направи многу прекрасни работи за мене!

 

 




Текст: Фотографии: Фабио Лорензо Јусана