Запознајте ја нашата инспиративна и моќна двојка

Не секој пар може заеднички да балансира помеѓу среќен брак и просперитетен бизнис, но парот Дијана и Хуан Pa од Мексико се доказ дека тоа е повеќе од можно. Разговаравме со нив во врска со нивните професионални и лични соништа (и како се забавуваат во меѓу време).

Како е да се води Орифлеим бизнис како пар?
Водење на бизнисот како двојка е благослов. Ние се надополнуваме еден со друг, што ни овозможува да правиме работи кои не би биле во можност да ги постигнеме како поединци. Двајцата имаме различни идеи, цели, фокус и стратегии. Предизвикот е да се договориме и да оствариме визија заеднички. Несомнено е дека нашиот бизнис се зголеми, бидејќи ние го изградивме како пар. Навистина е наградувачко да се работи во пар, да се живее и да се експериментира како што ретко кој брак може да си дозволи. Орифлеим ни овозможи да бидеме партнери во нашиот сопствен бизнис како и во животот. 

Опишете еден типичен ден во вашиот живот.
Една од најдобрите работи во врска со започнување на бизнис со Орифлеим е во тоа што не постојат "типични денови"; животот не е рутина. Секој ден претставува избор; она што го сакате за себе, за своето семејство и за вашиот бизнис. Не постои фиксен распоред кога ќе се разбудите.

 Сепак, ако сакате правилно да се зголеми вашиот бизнис, многу важно да се има јасна претстава за тоа како вашето секојдневие треба да изгледа. Бидете сигурни што е она што сакате да го постигнете и поделете го на дневни активности. Вие избирате и организирате, поставувајќи ја брзината со која сакате да растете.

“Навистина е наградувачко да се работи во пар, да се живее и да се експериментира како што ретко кој брак може да си дозволи.”

Што е она што ви се допаѓа кај вашата работа?
И двајцата сакаме два аспекти: моќта да донесуваме сопствени одлуки и можноста што Орифлеим ни ја дава позитивно да влијаеме врз животите на луѓето.

Што правите во слободното време?
Од неодамна сме фокусирани на пристигнувањето на нашето прво бебе. Одевме на курсеви, правевме труднички вежби, посветивме време при изборот на нејзиното креветче и деталите во нејзината соба; сето тоа помина без стрес и ние сме подготвени за нејзиното пристигнување.

 Сте патувале насекаде низ светот со Орифлеим. Која е вашата омилена локација?
Дефинитивно Сингапур! Во Азија отидовме за нашиот меден месец и многу ни се допадна, така што фактот што Орифлеим испланира патување таму беше неверојатно. Хотелот во кој тие избраа беше најдобриот во градот!

 Како е да се присуствува на Орифлеим конференција?
За нас, конференциите на Орифлеим се пресудни за нашиот бизнис. Всушност, на нашата прва Орифлеим конференција решивме да работиме заедно како пар. Секое патување ни го појаснува начинот на кој сакаме да работиме движејќи напред, бидејќи запознавме многу инспиративни луѓе и не мотивираше нивниот раст. На конференциите запознавате луѓе кои се исти како вас, кои бележат успеси и си ги остваруваат соништата! Згора на тоа, патувања се многу луксузни. Деновите ви се неверојатни и доживувате искуства кои ви ги прошируваат хоризонтите и ве тераат да го спознаете потенцијалот на вашиот бизнис – тоа е како меур исполнет со позитивни и среќни луѓе!

Познати сте по тоа што ја инспирирате вашата мрежа да си ги остварува соништата. Кои беше вашиот сон кога почнувавте? Дали тој се промени пропратно?
Да се има бизнис со Орифлеим значи дека се осмелувате да сонувате за живот подобар од оној кој сте си го замислувале.

Се започна кога бев студентка. Тогаш, мојот сон беше да остварувам стабилен приход. После тоа ми беше сон да си купам кола (купив Мазда во 2010). Потоа беше да имам свадба и меден месец од соништата, што се оствари во 2013! Сонот на Хуан Па беше да поседува сопствен Мерцедес; сега го има. Денес, ние сонуваме за куќата која што отсекогаш сме ја посакувале и се фокусираме да го оствариме тоа. Благодарејќи на нашиот Орифлеим бизнис ние уживаме еден подобар живот, а во исто време сме слободни да водиме стил на живот каков што сакаме.

 


Текст: Фотографии: Arturo Sotelo