Нејзиниот пат кон врвот

Ако пред седум години, ѝ кажавте на Дијана Сахиркиус дека таа ќе ја има највисоката титула на Орифлеим во Молдавија, дека ќе лета 60 пати во 20 различни земји, дека ќе биде мажена мајка на две деца, таа не би поверувала. На 28 години, таа нижи само успеси – подгответе се да се инспирирате!

Станавте дел од Орифлеим на 22 години. Што ве инспирира да го започнете својот бизнис поврзан со убавина?
Можноста да градам бизнис отсекогаш ме инспирирала. Сакав да го достигнам мојот целосен потенцијал и сонував да имам нешто што зависи само од мене. Ова е уникатно чувство кое не можев да го имам кога работев за други.

Дали отсекогаш сте сакале производи за убавина?
Да, отсекогаш сакав шминка и да изгледам најдобро што можам. Орифлеим ми помогна да остварам и еден друг сон: да купувам шминка колку што сакам!

На 28, само за 6 години, ја достигнавте највисоката титула во Молдавија! Која е вашата тајна на успех?
Да, точно е! Имав само 27-години кога станав Сениор Дијамантен Директор. По мое мислење, тајната на успехот е да се има позитиве став, вистински приоритети и реално чувство на одговорност. Знам дека мојот успех зависи од мене, и само од мене - и тоа е важно да го запаметам.

Откако станавте дел од Орифлеим, вие го пропатувавте свете. Која ви е омилената дестинација?
За кратко време колку што сум во Орифлеим, имам посетено речиси 20 земји! Најубаво ми беше првото патување во Тајланд во 2013 - тоа имаше огромно влијание на мојот живот.

Ја имам слободата да си го распределам времето и да ја организирам работата како што сакам

Дали патуваше многу пред да станеш дел од Орифлеим?
Претходно не патував никогаш толку, и никогаш немав летано со авион. Сега, после четири години, јас имав 62 лета! Бев на Златни, Менаџерски и Дијамантски Конференции и исто така бев поканета да зборувам и на други настани.

Сега патуваш многу!
Не многу одамна, кога направив план за моите надежи и соништа, си запишав дека сакам да патувам четири пати во една година - во последната година, бев на шест патувања со Орифлеим. Овие патувања се многу повеќе од обичен одмор или работно патување. Ова е нов начин на живот, живот кој инспирира и за кој сум подготвена да работам напорно!

Што најмногу сакате кај Орифлеим конференциите?
Не можам да издвојам! Патувањето со Орифлеим е ново ниво на патување: се сеќавам кога јадев во Emirates Palace, луксузен хотел во Абу Даби опкружена со моите омилени пријатели - тоа беше неверојатно искуство кое сама не можам да си го дозволам.

Која ти е дестинација од соништата?
Мојата дестинација од соништата е Рио де Женеиро. Кога првпат започнав со Орифлеим, Дијамантската Конференција се одржа во Рио - тоа е најверојатно она кое ме мотивираше да ја достигнам мојата титула Дијамантен Директор! Сонувам да одам таму и во Токио, Антарктикот - но има и други места кои би сакала да ги посетам!

Дали користите интернет за да продавате и регрутирате во вашата мрежа? Ако да, како?
Не користам интернет за да регрутирам, но го користам за многу други работи. Мојата генерација не мисли онлајн или офлајн - за нас, тоа е само комуникација. Јас го користам интернетот за бизнис, за да одржувам врски и за да го промовирам животниот стил кој го нуди Орифлеим - би било премногу тешко без тоа!

Имате син, а сега и ќерка. Како балансирате со водењето бизнис и мајчинството?
Во ова време во Орифлеим, се омажив, го родив мојот прв син, а пред три недели и ќерка. Отсекогаш ме инспирирале успешни, моќни жени кои исто така поминуваат многу време со нивното семејство - во ова, Орифлеим ми помогна да ги остварам соништата: Ја имам слободата да си го распределам времето и да ја организирам работата како што сакам. Како балансирам? Најхармонично што можам.

 



 




Текст: Фотографии: Fabio Lorenzo Yusana