Од ТВ-екран до бизнис сон

Замоливме една наша колешка да ни ја опише Силвана Здравковска во три збора, тие беа: професионална, балансирана и многу мила. Не можевме да не се соглaсиме. Поранешната телевизиска водителка и обожавател на животни е на пат да стане најголемата успешна приказна од Македонија. Ако ви е потребна инспирација, продолжете да читате.

Пред да се приклучиш на Орифлеим беше водителка на телевизија, како го откри брендот? 
Да, пет години бев дел од тимот “Пријатели”- телевизиска емисија за домашни миленичиња. Прв пат го открив Орифлеим кога бев во средно училиште, времето кога секоја млада девојка почнува да го бара својот совршен бренд за убавина. 

И како почна твојата приказна со Орифлеим? 
Се приклучив на Орифлеим како Консултантка за убавина затоа што сакав да уживам во консултантските придобивки и затоа што го обожавав - и сеуште го обожавам брендот. За време на моите студии ми требаше да заработам дополнителен приход и бидејќи веќе ја познавав мојата прекрасна спонзорка Вукица, ја открив бизнис-можноста на Орифлеим и набрзо сфатив дека тоа е идеалната работа за мене. 

“Ќе запознаете луѓе слични на вас, со позитивен дух, полни со страст и позитивна Орифлеим-енергија...”

Каква е споредбата меѓу телевизиска кариера и кариерата со Орифлеим? 
Всушност, мислам дека на многу начини се доста слични. Работењето со животни ми дава позитивна енергија како и работењето со луѓе. Двете професии се состојат од одлична енергија - плус Орифлеим никогаш не ги тестира своите производи на животни!

На само 26 години си на само 3 Каталози од тоа да бидеш најмладата Директорка во Македонија. Какво е чувството? 
Навистина сум возбудена! Едвај чекам да поминам и низ тие Каталози - тоа ќе биде мојот најголем успех до сега!

Што е твојот совет за жените што се обидуваат да изградат сопствен бизнис за убавина? 
Се чувствувам почестена да ја споделувам прекрасната бизнис можност на Орифлеим кога станува збор за градење бизнис и кариера. Вашите работни часови се флексибилни, опкружени сте со убави жени, имате можност да ги испробате најновите производи и да бидете во тек со најновите трендови, тоа е совршената работа за модерната жена од 21 век!

Дали си користела социјални медиуми за да го зголемиш твојот бизнис? 
Да, секако! Во ерата на социјалните медиуми дефинитивно неопходно е да ги користите. Имам фан-страница на Фејсбук што ми помага да го промовирам мојот бизнис и да привлечам млади жени да станат дел од мојот тим.

Имаш свое училиште за убавина во Македонија, како дојде до тоа? 
Секоја жена сака да изгледа убаво, да заработува и истовремено да се забавува, а само со Орифлеим можете да го имате сето тоа. Но, доколку сакате да изгледате навистина убаво, треба да ги знаете вистинските трикови, па затоа решив да ги споделам тие што ги знам со оние што сакаат да заработуваат заедно со мене. Така се роди моето Училиште за убавина: до денес учествувале над 100 девојки.

Патуваше во Египет и Шпанија со Орифлеим - што е следно? 
Верувам дека тоа ќе биде Златната конференција за 50-годишнината, тоа е мојот сон откако почнав да работам со Орифлеим.

Како изгледа една типична конференција? 
Тоа е неописливо искуство што мора да се доживее за да се разбере. Можете да ја посетите секоја дестинација во светот доколку имате доволно пари, но таквата енергија, стил на организација и забава се комплетно единствени со Орифлеим - не можете да ги најдете никаде на друго место.

Што ти е омилено во врска со патувањата со Орифлеим? 
Како што веќе кажав, Орифлеим организира конференции на многу професионален начин, сепак, мој омилен дел се луѓето. Ќе запознаете луѓе слични на вас, со позитивен дух, полни со страст и позитивна енергија - го обожавам тоа!

Која е твојата дестинација од соништата?  
Кога бев малечка велев дека моја дестинација за меден месец ќе биде Египет. Сепак, Орифлеим ме одведе таму пред да се омажам! Сега треба да размислувам за нова дестинација за медениот месец. Да бидам искрена, отсекогаш сум сакала да ја посетам Русија и се надевам еден ден мојот сон ќе се оствари. Да видиме што ќе се случува понатаму!









Текст: Фотографии: Александар Лазаров