5 совети за дигитализирање на вашиот бизнис

Clea O’Hana e половина јужно-африканка, половина мароканка, основач на WiShi: crowd-source платформа за стилизирање каде корисниците можат да прикачат дигитални слики од нивната гардероба и нивните пријатели и онлајн стилисти да го креираат нивниот стил за било кој настан или пригода. Со инвестицијата од Maurice Marciano (основач и претседател на управниот одбор на GUESS) и силна работна сила од 9 лица, ние ја прашавме Clea да ги сподели со нас нејзините најдобри совети за пренесување на вашиот бизнис онлајн.

1. НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ
“Ова се однесува на секој бизнис, онлајн и офлајн, тоа е основно. Бидете неверојано упорни , мотивирани и верувајте во својата идеја. Упорноста и напорната работа се состојките за успех, понекогаш поважни и од талентот.”

2. ПОСЕТЕТЕ ДИГИТАЛЕН КУРС
“Јас имам дипломирано економија и финансии, но мојата професионална позадина е стил. Не сум дигитален експерт, во ниеден поглед (иако мојот коосновач Lia Kislev е), но работан напорно за да се едуцирам себеси во таа област. Доколку сакате успешно да го пренесете вашиот бизнис онлајн, посветете време на учење на основата: посетете курсеви по дигитален маркетинг, запознајте се со социјалните медиуми кои ги користи вашата публика.”

3. КОРИСТЕТЕ ПОСТОЕЧКИ АЛАТКИ
“Искотистете ги алатките кои се веќе достапни онлајн. Доколку продавате производи, тогаш научете кои платформи ќе ви помогнат да го направите тоа. Доколку продавате услуга, тогаш поглднете ги платформите кои ќе ви овозможат да ја промовирате вашата експертиза полесно, на пример во WiShi, луѓето кои сакаат работа како стилисти можат да ги испробаат свооите способности преку нашата апликација, доколку се покажат способни и добијат одобрување од корисниците, добиваат награда “Значка Стилист” и можат да почнат да заработуваат. Друг пример е Fiver.com (пазар кој се состои оф фриленсери (freelancers) каде се нудат услуги за $5) или 99designs (место каде можете да купите графички дизајни). Погледнете ги дигиталните алатки кои се веќе достапни онлајн и како можете да ги искористите за да го промовирате вашиот бизнис паметно.”

"Упорноста и напорната работа се состојките за успех, понекогаш поважни и од талентот."
4. БИДЕТЕ СОЦИЈАЛНИ
“Пораснете го вашиот бизнис на социјалните медиуми така што ќе нудите уникатни содржини. На пример, ние во WiShi обезбедуваме неверојатни содржини: убави слики, интересни текстови (од нашиот блог), забавни натпревари и тн. Цврсто верувам дека секој човек треба да може да се чувствува најдбро што може и да разговара со оние кои можата да понудат совет - нешите социјални канали не помогнаа да искомуницираме што е WiShi, да привлечеме посетители и да регрутираме стилисти.”

5. ПРОНАЈДЕТЕ ЈА ВАШАТА УНИКАТНОСТ
“Важно е да знаете што го прави вашиот бизнис уникатен. Јас ја започнав мојата каериера во стилизирање во Net-A-Porter, и од таму потекнува идејата за WiShi. Но, пред да се обидам да ја остварам, работев со Belstaff, каде ги стилизирав David Beckham и Katy Perry, и слични на нив. Го познавав пазарот и можев да ја увидам побарувачката за WiShi: дестинација каде што секој може да добие моден совет, без разлика на неговата нето-вредност. ВоWiShi јасно прецизираме што ви нудиме: можете да ги правите двете - да бидете стилизирани или да почнете ваша лично стилско портфолио за да станете одобрен стилист - ова е непроценливо.”






Текст: Фотографии: Clea O'hana