Главна состојка: Салицилна киселина (БХА)

Бараш состојка за нега на кожата што ќе ги минимизира дамките о ќе ја направи твојата кожа свиленкаста иа мзана?Ја најде! Еве сè што треба да знаеш за овој сигурен борец против дамки.

Што е салицилна киселина?

Салицилната киселина е бета хидрокси киселина (БХА) и хемиски пилинг претежно познат по своите придобивки во борбата против дамките. Ако имаш дамки, мрсна кожа или запушени пори или си се справила со тинејџерски акни, многу е веројатно дека во одреден момент си наишла на салицилна киселина. Позната е по својата исклучителна способност да ги отпуши порите и е застапена во многу производи против акни (и за возрасни!) токму од таа причина. Но, салицилната киселина има повеќе трикови во ракавот! Стана вистинско задоволство од толпата за своите пилинг и измазнувачки квалитети и е главен дел во рутината на сите оние што ја сакаат негата на кожата..

Што прави салицилната киселина за кожата?

  • Ја ексфолира и деконгестира кожата
  • Ги чисти порите од мрснотијата, нечистотијата и мртвите клетки на кожата, спречувајќи ги запушените пори
  • Ја измазнува грубата и нерамна кожа
  • Ја осветлува кожата
  • Помага во спречување на создавање на нови дамки, митесери или мозолчиња
  • Ја смирува кожата

Како дејствува салицилната киселина?   

Салицилната киселина како и многу други киселини, ја ексфолира кожата со слабеење на врските помеѓу мртвите клетки на кожата, така што тие можат рамномерно да се испуштаат и да промовираат обрт на клетките. Ова помага да се осветли кожата и да се добие мазен и сјаен изглед. Сепак, за разлика од некои други киселини АХА, салицилната киселина е растворлива во масло што значи дека продира во порите и се ексфолира одвнатре за да се исчистат нечистотијата, маслото и клетките на кожата за да се спречи затнувањето што може да предизвика појава на дамки, тоа е она што ја прави толку одлична состојка што се бори против дамки.

Каде може да најдам салицилна киселина?

Ако едвај чекаш да пробаш салицилна киселина, еве неколку птоизводи што треба да ги пробаш:

NovAge Решение за балансирање на мрснотиите

NovAge Advanced напредна емулзија за заштита од исипи

NovAge 24-часовен Наменски коректор против мозолчиња 

Pure Skin производи  

Текст: