Совети за твојот нов пролетен изглед

Оваа пролет во мода се боите, контрастите и слободното изразување на сопствениот стил. Комбинирај ултрасјај со ултрамат, префинети метални дезени и неутрални пастели. Запознај го твојот нов изглед!

1. ОВАЛНИ ФОРМИ
Ова е најголемиот
тренд оваа сезона.

Одбери ланче со приврзок од дебели овални форми, обетки или метални детали на чанта.

За богат стил – комбинирај сребрен накит и чанта со овални детали – идеално за на работа или за низ град. 
За
едноставен стил  – постигни уникатен и женствен лежерен изглед со неутрални бои и јаки детали.

2. ИГРИВ ДЕЗЕН
Оваа
пролет во мода е разновидноста. Комбинирај јаки бои, носи различни обетки и одбери модни додатоци што имаат повеќе лица. Помешај различни бои и накит и создај го својот уникатен изглед!

Совет: За несекојдневен гламур, носи марама со дезен.

 

3. КОНТРАСТ
Комбинирај
суптилна облека со смело ланче и создај модерна класика.

Совет: На оваа комбинација можеш да додадеш и часовник што му одговара на ланчето. 

4. ПАЛЕТА ОД БОИ
Комбинирај
пастелни со суптилни и портокалови бои за контрастен изглед. На оваа комбинација додај чанта со две лица.

Совет: Модните додатоци во пастелни бои се идеални за женствен изглед со секоја облека.

5. СЈАЈ И МАТ
Комбинирај
ултрасјај со ултрамат за изглед што е префинет и игрив.

За богат стил – додај екстра-светкав финиш со мат-детали. Комбинирај мат-сива чанта соубаво ланче.

За едноставен стил – на опуштената облека додај мат и светкави детали за да ја направиш повесела за пролетта.

Совет: Мат-шминката е исто така идеална за трансформација на твојот суптилен секојдневен изглед во смел вечерен изглед.

Текст: