Масажа на лице: најдобри рутини за здрав сјај

Дали масажа на лицето е единственото нешто што ви недостасува во вашата рутина за нега и убав изглед? Оваа едноставна, утринска рутина буди здрав сјај за да го започнете вашиот ден на убав начин!

Па како функционира масажата на лицето?

Дали сте се запрашале зошто вашето лице сјае после секој третман? Не станува збор само за производите. Масажата на лицето е толку важна за стимулирање на кожата! Колку повеќе ја движите и активирате кожата, таа станува посветла.

Супер лесна за правење, правилните движења можат да помогнат во зголемување на циркулацијата и поттикнување на лимфна дренажа (кажете збогум на отечено лице!) Помага во измазнување на тенот и нуди релаксирачка сензација.

Поважно, помага да се создаде здрав, природен сјај и ја подготвува кожата за шминка.

Масажа на лице: подгответе ја кожата за совршенство

Загрејте ја омилената подлога за шминка во вашата дланка и нанесете ја со врвовите на прстите.

Чекор 1: Полека притиснете ги врвовите на прстите од средината на челото нежно кон нанадвор.
Чекор 2: Ставете ги прстите на аглите на устата и лизгајте ги нагоре, нежно опфаќајќи ги образите.
Чекор 3: Движете ги прстите од врвот над устата, покрај краевите на устата надолу до брадата4:
Искористете го преостанатиот дел од прајмерот и нанесете го по вратот со движења надолу. Затворете ги очите за релаксирачка сензација.
Повторете ги чекорите 1-4 онолку пати колку што сакате и уживајте во рутината за убавина.

Релаксирачки момент: допир на луксуз што го заслужувате
Се чувствувате опуштено и смирено? Продолжете го вашиот релаксирачки момент и дополнително зајакнете го здравиот сјај на вашата кожа. Грижете се за вашата кожа додека ја носите Divine Touch Cushion Пудрата која содржи низа состојки дизајнирани да помогнат во израмнување на тонот на кожата, прикривање на несовршеностите и создавање младешки изглед на кожата.

Познато е дека хијалуронската киселина помага при природно навлажнување на кожата и ѝ помага да се чувствува мазна, еластична и хидрирана. Skin Cherish мешавината содржи природни екстракти од морска вода, кајсија, зелен чај и тиква помагаат во потхранување на кожата.

 Звршен допир на чисто совршенство

На крај ставете ја Divine Touch Cushion Пудрата со помош на апликаторот. Натопете го апликаторот притискајќи на компактното перниче.

Чекор 1: Допрете го сунѓерот преку челото и надолу по носот.
Чекор 2: Нанеси од пудрата со сунѓерот преку образите и нагоре кон очите
Чекор 3. Притиснете го сунѓерот нежно веднаш над усните и на брадата.
Чекор 4: Допрете го на секоја област под очите. Преклопете го сунѓерот на половина за попрецизно нанесување.
За крај, нежно нанесете го нанадвор и надолу по вратот.


Производи користени во овој текст:

DIVINE TOUCH CUSHION ПУДРА 37444–37447
YOUTHFUL RADIANCE ELIXIR ПОДЛОГА за шминка 33300