Иновативно нанесување мирис од Орифлеим

Добриот мирис е како какофонија од високи потпетици на асфалт, совршени црвени усни или добро скроено есенско палто. Нѐ опкружува со аура на самоувереност, која не доаѓа само од мирисот туку и од начинот на кој прави да се чувствуваме.

Магијата на мирисот не лежи само во тоа како мириса туку и во тоа како се развива во текот на денот или со кои ноти се меша. Тајната состојка, која го привлекува вниманието на другите, е како се чувствуваме кога ќе го нанесеме мирисот. Понекогаш една капка е доволна за да ни измами насмевка, да ни помогне да се исправиме и да се соочиме со денот. Новата парфимирана тоалетна вода Essenza Sensuale  ти овозможува посебно искуство при нанесувањето на првата капка мирис.

Илјадници години мирисите биле користени од кралските семејства, благородниците и аристократијата. Замисли си царица како седи пред своето огледало, отвора шишенце скапоцен мирис и го нанесува на зглобовите и зад ушите. Оваа древна навика била дел од дневните ритуали на многу величествени жени низ историјата. Сега можеш да им се придружиш, благодарение на револуционерниот дизајн на капачето на овој мирис од Орифлеим.

 

При отворањето, капачето на Giordani Gold Essenza Sensuale повлекува измерена и моќна капка течност, која останува заробена сѐ додека не дојде во контакт со кожата. Не е потребно да го превртуваш шишенцето, бидејќи неговиот уникатен механизам за затворање лесно го повлекува мирисот. Оваа нова технологија е модерен осврт на древен начин на нанесување скапоцени мириси.

 

Неколку капки на стратегиски места се доволни да те обвијат со силен мирис на цветови од портокал, кои се уникатната нота и срцевината на оваа парфимирана тоалетна вода. Создадена ексклузивно за Орифлеим, со користење на најквалитетните цветови од портокал, оваа нота е измешана со други елементи, за да се создаде уникатна мешавина со овој познат цвет. Giordani Gold Essenza Sensuale го возвишува користењето мирис на ново ниво на луксуз.

Текст: Фотографии: Орифлеим