5 модни додатоци кои мора да ги имате оваа есен

Во модата се е во додатоците. Модните додатоци за оваа есен имаат можност да го истакнат секое парче облека кое ќе го носите – ова се нашите пет фаворити за оваа сезона.



1.

Впечатлив ремен

Широките ремени се ултра модерни оваа сезона. Широкиот ремен ги истакнува облините на телото. Се носи на капут, туника, фустан. Ние го сакаме со голема тока во златна боја!








2.

Вештачко крзно

Вештачкото крзно е шик, практично и неопходно. Со јака, шал или околувратник од крзно, нема да погрешите, ќе ви биде топло и пријатно и што е најважно, ќе ви биде топло. 







3.Д

олг шал

Долгиот шал во црна боја со златен животински принт е нешто што мора да го имате оваа сезона. Носете го со ремен врз капутот или околу врат со омилената јакна – грубите краеви додаваат модерен финиш.

4.

“Bucket” ташна

Дизајнирана да биде неизбежна, класичанта “bucket” ташна има минималистички стил. Мазна, практична, апсолутен моден погодок за жената која е во движење. Ние ја обожуваме имитацијата од “груба кожа”.







5.

Бејзбол капче

Кога ќе ги споите спортскиот изглед и модерниот стил, добивате модно парче кое е “must have” за oваа сезона. Го носат на модните недели ширум светот, се носи на улица комбинирано со омилените парчиња облека. Шик и стил, во едно.

Текст: Фотографии: Oriflame