Освој го светот со мат-усни

Жените го освојуваат светот! Жените низ целиот свет се изразуваат на уникатни начини, во дигиталниот и во вистинскиот свет. Тие влијаат врз пазарот на милениумците и го зацврстуваат своето влијание. Храбар нов свет за смелата нова жена. Дали твоите усни се подготвени да го означат светот со својата уникатност?

Позитивно оружје за самоизразување
Жените ги изразуваат своите мислења и чувства на различни начини. Дали раководиш со нов бизнис? Или си успешна инфлуенсерка? Јутјуб-влогерка што е впечатлива? Или можеби си зависничка од адреналин што сака падобранство? Без разлика како сакаш да оставиш белег врз светот со своите посебни интереси, убавината исто така може да биде важна. Таа е вид самоизразување и зависи само од тебе.

Јас сакам да зачекорам во светот на Инстаграм со беспрекорна шминка, а потоа да се вратам назад во реалноста, без да пропуштам секунда. Го правам ова на лесен начин и се изразувам преку мојата брановидна коса и мат-кармин во светли бои. Смелите мат-усни се класичен начин да го истакнеш едноставниот изглед.

Мат-кармините и широкиот избор бои ги прават кармините позитивно оружје за самоизразување. Јас сум преобразена. Моите мат-усни се одраз на моето влијание врз светот и создавањето мој уникатен изглед, секој ден и секој момент.

Од течност во прав
Новата генерација мат-кармини и широката палета високопигменирани нијанси ме преобразија во љубител на мат-изгледот. Ако постои нешто што ќе привлече нечие внимание, тогаш тоа е кадифениот мат-кармин The ONE Lip Sensation. Создаден е да биде пријатен на твоите усни и да има совршен мат-изглед. Време е да се истакнеш со впечатлив мат-кармин.

Мат-порака
Мат-кармините се повеќе од обична шминка. Мајли Сајрус има изјавено дека розовото не е боја, туку став. Јас велам дека мат-кармините не се шминка, туку порака. За мене, мат-усните се единствениот вид шминка. Без разлика дали го споделуваш својот изглед на Инстаграм или одиш на прв романтичен состанок, секогаш можеш да се изразиш со впечатлив мат-кармин!

Текст: