Холистичен велнес
разумни цели, здрави избори
Ова можеби не е вистински тренд, но е број 1 тренд во Орифлеим, за 2019 година. Заборави на лудите диети, откачените вежби и недокажаните додатоци во исхраната, во суштина wellness значи да живееш и да чувствуваш физичка и психичка рамнотежа. Ако следењето план на исхрана или на вежбање прави да се чувствуваш депресивно или стресно, тогаш значи дека не е добро за тебе на долгорочен план и шансите за неуспех се поголеми, а ова ќе направи да се чувствуваш уште полошо! Постави разумни цели и донесувај здрави одлуки што се во чекор со твојата физичка и психичка рамнотежа.
Микробиомско здравје
грижи се за добрите бактерии
Човечкиот микробиом, односно природната средина на добрите и на лошите бактерии што живеат во нашето тело е нешто за што најверојатно ќе слушаш сè почесто. Добрата рамнотежа на добрите бактерии ни помага да останеме здрави однатре и однадвор. Можеш да консумираш пробиотици (добри бактерии) и пребиотици (храна за добрите бактерии) преку исхраната или преку додатоци во исхраната за да го одржиш здравјето на твоето тело. Користи производи за нега на кожа со пробиотици и пребиотици за да создадеш поздрава средина за кожата.
Присутност
храна за умот
Еден од трендовите што навистина го обожаваме! Потребно е време да научиш како да бидеш присутен во моментот, но е вредна способност, бидејќи присутноста ќе ти помогне во секој дел од животот. Таа ќе ја зголеми твојата концентрација и среќа, а ќе го намали стресот. Присутноста е процес на набљудување на сегашноста без предрасуди. Те учи како правилно да дишеш, ти помага подобро да се запознаеш со твоето тело и ти помага да го забележиш стресот. Пробај да одделиш 10 минути од твојот преполн распоред секој ден, седни во удобна позиција, на место каде што ништо нема да ти пречи (исклучи го телефонот). За почеток концентрирај се на дишењето, вдиши, па издиши. На почетокот ќе ти изгледа тешко, но по некое време ќе ти стане полесно да се концентрираш. Повторувај ја оваа вежба редовно и уживај во терапевтските ефекти на присутноста.