Текстура
Уметноста на цртањето на нокти го надмина обичното боење, овие денови во фокус е тесктурирањето. Лаковите за нокти со текстура имаат густа и зрнеста состав, што значи дека ќе ви требаат само два слоја за да бидете готови. Носете неутрални прстени и бразлетни за вашите нокти да дојдат до израз.
Мат
За свежа алтернатива наспроти сјајните нокти, мат лаковите се одличен избор. Овој тренд функционира одлично со впечатливи аксесоари. Мат завршниот слој (како овој) ќе го матира секој лак за нокти давајќи им на ноктите безсјаен, сомотски изглед.
Обратен француски маникир
Кој вели дека вашиот француски маникир мора секогаш да биде на врвот на вашите нокти? Заменете го редоследот и налакирајте полу-месечина кај вашите кутикули. Заменете ги месо-боја и белиот лак за нокти со појаки бои, како на пример со комбинација од црвена и црна, или слива и розева.
Металик
Месо-боја и бела
За неутрален, а сепак шик финисх,ништо не функционира подобро од месе-боја, кафе или бел лак за нокти. Модните писти потврдија: Минимализнот останува и понатаму во мода. Без разлика дали лакот е мат или сјаен, потрудете се вашите кутикули да бидет средени до перфекција бидејкќи светлите нијанси ги истакнуваат сите маани.
Омбре
Омбрето е централен тренд за убавина. При прелевањето на тоновите и боите, посебно сакаме да користиме тонови во боја на слатки или пастелни нијанси за да го креираме овој изглед. Следете го нашиот чекор-по-чекор водич за да го креирате овој изглед и вие самите!