Пет најголеми тренда за мажи во 2017-та

Сѐ или ништо. Ова е концептот на трендовите за мажи оваа сезона. Секако, постојат голем број можности помеѓу овие два екстрема. Затоа го прашавме нашиот уредник Кирил Куталов накратко да ни ги претстави најголемите трендови за 2017 година.

1. ДОЛГИ БРАДИ
Ако сакавте да имате брада во 2016-та (но немавте храброст), дозволете ми да ве убедам. Прво, брадата филтрира до 95% од штетните УВ-зраци што можат да предизвикаат рак на кожата. Потоа, таа ги спречува алергените, а исто така е лек против исечениците од бричење и го топли лицето на ладното време.

Ако овие информации не ви се доволни, треба да знаете дека долгата брада е еден од најважните трендови за мажи во 2017-та. Некои стилисти дури и препорачуваат да не ја чешлате за да добиете подив изглед.

2. ТРИДНЕВНА БРАДА
Долгите бради се во мода, но не секој ги има генетичките придобивки. Секогаш постои можноста да се носи тридневна брада и со соодветната нега да се постигне посакуваниот ефект. Запомнете го едноставното правило: „козјата“ брада е забранета и треба да остане во 1990-тите!

Ако посакувате нешто помеѓу двата тренда - не заборавајте ја редовната нега. Потстрижувајте ја брадата најчесто што можете (идеално секој ден), мијте ја често, чешлајте ја и употребувајте масло за коса.

 

3. СРЕДУВАЊЕ БЕЗ ПРОИЗВОДИ
Не
ма секој маж среќа да има кадрици. Сепак, правата коса е во мода во 2017-та. Најдобрата комбинација за стилизирање е големо количество производи за стилизирање плус чешел со широки запци. Покажете им на сите дека сте се потрудиле околу вашата коса! Како варијанта, стилистите препорачуваат и влажен изглед, со многу гел за коса.

4. КРЕАТИВНА ДВОЈКА-ФРИЗУРА
Многу луѓе го сметаат овој стил за спортски, но сепак фризурата двојка има и предности: практична е, не бара многу нега и не заморува наутро. За новата сезона, фризурата од шест
милиметри е во мода, но можете да ја збогатите со посветли нијанси од природната боја на коса!

5. БЕЗГРИЖНИ КАДРИЦИ
Кадравата коса што нежно
го обиколува лицето, или артистичките кадрици им одговараат на романтичните души, на обожавателите на бритпоп и на љубителите на 1970-тите и 1980-тите. Стилистите (вклучувајќи ме и мене) препорачуваат разделување на страната и афрофризура.


Текст: Фотографии: Getty Images