Три есенски фризури што морате да ги пробате

Пристигна сезоната на забави, па време е да се дотерате и да ја поминете ноќта играјќи! Еве 3 тренда за обликување на вашата коса што ќе направат да бидете со стил оваа есен.

1. ДОЛГА КОСА - ПРЕКРАСНИ КАДРИЦИ
Сме
виделе многу кадрици на модните ревии за есенима 2016 и многу ни се допаѓаат! Природно витканата коса и големите кадрици се сега во мода, со што добивате бескрајни опции за фризура. Тие исто така претставуваат и совршен изглед за забава! 

2. КОСА ДО РАМЕНА - ПРЕКРАСНА ПУНЏА 
Ниските
пунџи се враќаат во мода и познатите модни куќи ни даваат голем избор на стилови. Нормална, извиткана, олабавена и цврста пунџа се едни од најпопуларните стилови. 

3. КРАТКА КОСА - ПРЕКРАСНИ МОДНИ ДОДАТОЦИ
Заблескајте
сезонава со прекрасни модни додатоци за коса. Тијарите со скапоцени камења, круните и иглите за коса ве прават повпечатливи и ѝ додаваат гламур на секоја облека. Можете да бидете раскошни или, пак, скромни! Сакате да изработите сопствена зимска круна? Едноставно заменете ги цветовите во оваа летна круна.




Текст: Фотографии: Getty Images