ПОЗДРАВИ ГО СОНЦЕТО
Започни со тоа што ќе ја распределиш твојата тежина рамномерно на двете стапала. Пронајди смирен ритам за твоето дишење и фокусирај се на себе. Потоа, вдиши длабоко и рашири ги рацете над главата и потоа настрана. Полека движи ги кон колковите и стапалата и на крајот допри го подот.
ПОЗА НА ШТИЦА
Со рацете на подот, полека крени се наназад со стапалата во поза на штица. Твоите рачни зглобови треба да бидат на подот, рамената оддалечени, а стапалата на висина на колковите. Вдиши длабоко и почувствувај како го издолжуваш ’рбетот додека се истегнуваш. Вдиши и навалувај го телото додека не легне на подот (држи ги нозете исправени).
КОБРА
Легни на стомакот и намести ги лактите под рамената. Бедрата нека бидат паралелни, истегни ги мускулите и нозете кон прстите и потоа движи се кон ѕидот зад тебе. Крени ги градите кон таванот додека вдишуваш и потоа издиши и сврти се кон подот.
V-ПОЗА
Од позата кобра, крени го телото нагоре и намести го во обратна V-поза, со рацете и стапалата цврсто на подот. Одржи ги колковите нагоре и исправи го грбот. Држи ги рацете и нозете исправени и тежината на твоето тело распореди ја еднакво помеѓу рацете и стапалата. Опушти ги вратот и круната на главата кон подот. Диши правилно. Крени се полека, издиши и поздрави го сонцето повторно.
Повтори ја оваа рутина 6 пати и ќе почувствуваш повеќе енергија и фокус во текот на денот. Намасте!
Освен вежбите внимавај и на правилната исхрана. Кликни овде и следи ја нашата Wellness АБВ рутина!